161
21 shares, 161 points

На производителите на ексклузивни крстосувачи и хиперспортски купеа им е полесно да најдат купувачи, отколку производителите што се борат за светскиот врв според продукцијата

Врвните менаџери во автомобилските компании што се специјализирани за скапо и луксузно, лани не почувствуваа што значи поимот криза. Наспроти тоа, марките кои со милионските суми се соочуваат само во бројот на произведени возила, имаа иста или малку ослабната продажба.

Во автомобилската премиум лига, првото место неприкосновено му припаѓа на Porsche. За марката од Штутгарт лани се решиле 256.255 купувачи. Спортската марка од Цуфенхаузен успеа да ја зголеми продажбата на кинескиот пазар за 12%, на 80.180 возила, во услови кога повеќето марки бележат смалена динамика на продажба. Добро реагираше и пазарот во САД, кадешто се продадоа вкупно 57.202 возила. Легендата 911 и покрај генерациската смена успеа да постигне раст од 10 проценти во светската продажба.

Еден од секои три произведени автомобили на Ferrari заминува за САД

Ferrari уште ги нема објавено резултатите за цела година, но продажбата во првите три квартали пораснала за 500 примероци во споредба со истиот период преклани. Вкупно 6.853 спортски автомобили ја напуштиле фабриката во Маранело. САД и натаму е најголем пазар за италијанската марка. Еден од секои три произведени примероци бил испорачан преку океанот.

Тамошниот пазар е важен и за Lamborghini, чијашто продажна статистика открива фантастичен раст од 51 проценти, со вкупно 5.750 возила испорачани ширум светот. Само во САД се продале 1.595 примероци. Земјата со строги брзински ограничувања е најголем пазар и за марката од Сант Агата. Дури и во Јапонија, којашто исто така не е најпогодна почва за суперспортски возила, лани се продале 559 автомобили од марката. Но, големиот раст во продажбата на Lamborghini не се темели на брзите купеа и родстери, туку на Urus. За екстремниот СУВ-модел лани се решиле 1.761 купувачи.

расте емисијата на СО2 од автомобилите

Rolls-Royce, во својата 115-годишна историја нема продадено повеќе возила отколку лани. Рекордни 4.107 нарачки од благородни клиенти се реализирани лани во „куќата на Rolls-Royce“ во Гудвуд. Огромни се шансите дека рекордот повторно ќе биде урнат годинава, затоа што дури сега стартуваат испораките на Cullinan, на СУВ-моделот за возвишени цели. Најпродаван моментно е Phantom, како врвен модел на марката.

rolls-royce phantom

Спортската марка што веднаш асоцира на формула 1 трки, McLaren, неколку години во континуитет постигнува зачудувачки раст во продажбата. Лани таа пораснала за 49,3 проценти во споредба со 2017 година, на вкупно 4.808 примероци. САД повторно се најголем пазар. Најголемиот раст сепак пристига од кинескиот пазар, со фантастични 122,5 проценти. За годинава, менаџерите на McLaren во Вокинг имаат големи очекувања од Источна Европа, конкретно од Полска и Летонија, кадешто официјално стартува продажбата.

McLaren 570S Spider Valentine

Додека повеќето луксузни марки лани забележале двоцифрен, па и троцифрен раст, продажбата на Lotus се зголемила за релативно помал обем. Ценетата британска мануфактура лани испорачала 1.630 автомобили низ светот. Но, и тоа беше доволно за соборување на рекордот стар седум години.

Lotus proslava 70 godini 2

Што бара Porsche 550 Spyder среде музејот на Mercedes?

Rolls-Royce што политбирото му го забрани на диктаторот Чаушеску

Ferrari ги прославува четириседите што ги обожуваше Енцо

Lotus прослави 70-годишнина со собир на 1.600 автомобили


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format