151
24 shares, 151 points

Во првите четири месеци од годинава се продадени вкупно 1.567 патнички автомобили на македонскиот пазар на нови возила. Тоа претставува раст од 4,6 проценти во споредба со истиот период лани. Водечкото трио марки во април го сочинуваат Peugeot, Opel и Skoda

Според податоците коишто групацијата на увозници на автомобили во Македонија ги дистрибуира до регионалните сервиси за статистика, македонските возачи во април годинава регистрирале 412 нови патнички автомобили. Тоа сепак се нецелосни податоци, затоа што во статистиката отсуствуваат продажбите на Hyundai, Mazda, BMW и Mercеdes.

За првите четири месеци од годинава, продажбата на нови патнички автомобили достигнала 1.566 примероци. Во споредба со истиот период лани, трендот покажува раст од 4,6 проценти – со таа резерва што во ланските бројки дополнително отсуствуваат продажбите на Nissan.

Следно што открива оваа крајно некомплетна, но единствена достапна статистика, претставува соодносот на марките во продажбата. Во април, Македонците најмногу купиле нови автомобили од марката Skoda (47 примероци), потоа следат новите партнерски марки Opel и Peugeot, со 44 и 40 продадени примероци соодветно. Четврт е Volkswagen со 40 примероци и минимална предност пред Ford (39).

По месеци, продажбата на нови автомобили се одвивала според следната динамика: Јануари 310, февруари 386, март 459 и април 412 возила.

Податоците коишто ги објавува Царината, пак, се следниве: Јануари 416, февруари 448, март 507 нови патнички автомобили. Во исто време, на македонските патишта пристигнале 6.458 користени автомобили од странство, што значи дека нивниот увоз постигнал раст од 36 проценти. Аутомедиа уште во минатото лето укажуваше на појавувањето на овој тренд.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
24 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *