139
19 shares, 139 points

Првпат по повеќе од 20 години, во Кина лани се продале помалку возила отколку во претходната година. Аналитичарите предвидуваат дека смалувањето на најголемиот автомобилски пазар во светот ќе продолжи и во 2019 година

Кинескиот автомобилски пазар лани забележал намалена продажба за првпат по повеќе од дваесет години. Една од причините за тоа е царинскиот спор меѓу САД и Кина. Продажбата на патнички автомобили во земјата во минатата година се смалила за 6 проценти, на 22,7 милиони автомобили, во споредба со 2017 година.

Трговскиот спор што го предизвика американскиот претседател Трамп меѓу САД и Кина, влијаеше врз купувачкиот дух на кинеските возачи, кои се чувствуваат несигурни и го одложуваат купувањето автомобил. Во последниот месец од минатата година, продажбата паднала за дури 19 проценти во споредба со прекланскиот декември.

Владата може да воведе даночни олеснувања и да го спречи намалувањето на пазарот на автомобили

Аналитичарите на американската инвестициска банка Голдман Сакс предвидуваат дека и годинава ќе продолжи негативниот тренд на кинескиот пазар, со минус од 7 проценти. Наспроти тоа, здружението на производители на автомобили во земјата очекува пораст од околу еден процент во продажбата на автомобили. Тоа може да се постигне, доколку кинеската влада, како и повеќепати досега, интервенира со даночни олеснувања и на тој начин ја поттикне продажбата.

Купе-изведба Skoda Kodiaq GT ексклузивно за Кина

Geely ги лови продажбите на Volkswagen и GM во Кина

Како еден странец стекнуваше возачка дозвола во Кина

Кинескиот Nio има уште еден модел: Празната батерија се заменува со полна


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *