за

VW европски бр. 1 до октомври, Peugeot напредувал најмногу

најпродавани автомобили европа

Познати се шампионите во продажбата на автомобили на европскиот пазар во првите десет месеци. Редоследот на марките и концерните во основа е непроменет. Една статистика покажува колку навистина заостанува нашиот пазар зад соседните и регионалните пазари

Здружението на европски производители на автомобили го заврши броењето на продажбите за месец октомври. Веќе се наѕираат крајните пласмани на автомобилските марки и концерни за годинава. Општо за целиот пазар во ЕУ и земјите од ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн) е опаѓачкиот тренд во продажбата, којшто се провлекува од летото, како резултат од компликациите што производителите ги имаа (и уште ги имаат) со воведувањето на новите норми за потрошувачка на гориво WLTP. Во октомври на европскиот пазар се продадени 1.118.882 патнички автомобили, што е за 7,4 проценти помалку во споредба со истиот месец лани.

Peugeot 508, premiera Makedonija

Првото место на Volkswagen не е изненадување, исто како второто место за Renault и третото на Ford. Затоа, пак, веднаш се забележува високиот пласман на германското премиум трио Mercedes, BMW и Audi, кои со повеќе од 5 проценти удел во продажбата на европскиот пазар, се следат во чекор од 6-то до 8-то место. Во Топ 10 до октомври, „народските марки“ Skoda и Fiat следат дури по трите германски марки со екстра додаток во цената.

Продажни резултати по автомобилски марки на европскиот пазар

(за периодот од јануари до октомври 2018, ЕУ + ЕФТА)

Марка

Автомобили

Тренд
(во %)

Удел
(во %)

VOLKSWAGEN

1,498,260

+4.2

11.2

RENAULT

954,815

+0.6

7.1

FORD

855,916

-1.5

6.4

PEUGEOT

832,360

+7.7

6.2

OPEL

763,679

+254.8

5.7

MERCEDES

727,366

-4.2

5.4

BMW

683,362

-0.5

5.1

AUDI

641,470

-9.1

4.8

FIAT

626,208

-8.5

4.7

SKODA

618,773

+4.2

4.6

TOYOTA

617,729

+5.3

4.6

CITROEN

516,226

+5.8

3.8

HYUNDAI

466,618

+6.0

3.5

DACIA

443,481

+13.2

3.3

NISSAN

439,288

-10.5

3.3

KIA

426,558

+5.6

3.2

SEAT

392,191

+16.5

2.9

VOLVO

266,967

+7.1

2.0

MINI

179,643

+1.9

1.3

JEEP

142,240

+60.8

1.1

HONDA

118,416

-1.7

0.9

LAND ROVER

109,931

-15.0

0.8

SMART

84,015

+1.7

0.6

ALFA ROMEO

74,882

+3.2

0.6

JAGUAR

69,272

+16.7

0.5

PORSCHE

64,165

+3.0

0.5

LANCIA/CHRYSLER

39,959

-25.7

0.3

LEXUS

39,640

+4.3

0.3

DS

39,078

+0.3

0.3

Останати FCA

8,209

-6.8

0.1

LADA

4,469

+5.0

0.0

Останати VW

4,278

-0.9

0.0

GM

2,966

-99.5

0.0

ALPINE

1493

Најголем напредок меѓу десетте најпродавани марки има постигнато Peugeot, на четвртото место, со раст од 7,7 проценти. Екстремните 254,8% на Opel се резултат од новото броење на продажбите, по преоѓањето под францускиот PSA. Наспроти тоа, најмногу во минус е Audi, со намалена продажба од 9,1 проценти во споредба со првите десет месеци лани.

Поголема стапка на раст од Peugeot постигнале само Seat и Dacia, соодветно со +16,5% и +13,2%, но и со двојно пониска продажба од Французите. Добро напредуваат и Volvo, Kia, Citroen, Lada. Близу една третина од марките имаат намалена продажба во периодот од јануари до октомври годинава, при што најмногу потфрлил Land Rover, со 15 проценти заостаток зад ланскиот резултат. Негативниот тренд е уште поголем кај Lancia/Chrysler, но тука станува збор за релативно слаба продажба од околу 50.000 возила годишно.

Продажни резултати по автомобилски концерни на европскиот пазар

(за периодот од јануари до октомври 2018, ЕУ + ЕФТА)

Групација

Автомобили

Тренд
(во %)

Удел (во %)

VW

3,219,137

+2.5

24.0

PSA

2,151,343

+42.0

16.0

RENAULT

1,404,258

+4.4

10.5

FCA

891,498

-1.8

6.6

BMW

863,005

-0.1

6.4

FORD

855,916

-1.5

6.4

DAIMLER

811,381

-3.7

6.0

TOYOTA

657,369

+5.2

4.9

HYUNDAI

466,618

+6.0

3.5

NISSAN

439,288

-10.5

3.3

KIA

426,558

+5.6

3.2

VOLVO CAR CORP.

266,967

+7.1

2.0

JAGUAR LAND ROVER

179,203

-5.1

1.3

HONDA

118,416

-1.7

0.9

GM

2,966

-99.5

0.0

По концерни, Volkswagen и натаму држи околу една четвртина од европскиот пазар, со 3.219.137 продадени возила од сите свои марки. PSA по приклучувањето на Opel го зголеми уделот од ланските 11,4 на сегашните 16 проценти. Според апсолутните бројки во продажбата на францускиот концерн, продажбата во споредба со лани пораснала за 42%, на околу 2,15 милион возила до октомври.

Трет е уште еден француски коцерн, Renault, со десетина проценти удел во европската продажба на возила. Следи Fiat Chrysler, а веднаш по него е групацијата BMW. Дури потоа следи Ford, од кого што се очекува да постигне и најголем напредок во следните неколку месеци, со стартот на продажбата на новиот Ford Focus.

Во Словенија во 2018 година се продавале единаесетпати повеќе нови возила отколку во Македонија

Продажбата по држави не крие изненадувања, но затоа се потврдува еден несоборлив факт, при споредба на македонскиот автомобилски пазар со неколку соседни или регионални пазари. Во Македонија во првите десет месеци од годинава се увезени помалку од 5.000 нови автомобили или просечно по 2,5 нов автомобил на секои 1.000 жители.

загадување скопје воздух

Наспроти тоа, во Бугарија во истиот период се продадени 29.005 нови автомобили или по 4,08 нови возила на секои 1.000 жители, во Хрватска 54.060 автомобили (по 12,87 нови возила на секои 1.000 жители), во Словенија 64.000 автомобили (по 32 нови возила /1000 жители), во Грција 91.201 автомобили (по 8,44 нови возила /1000 жители), во Романија 110.331 нови автомобили (по 5,62 нови возила /1000 жители). Во истиот период, во нашата држава се внесени околу 25.000 користени автомобили.

Продажба на автомобили по држави за периодот од јануари до октомври 2018

(ЕУ + ЕФТА)

Држава

Автомобили

Тренд

(во %)

Германија

2,926,046

+1.4

В. Британија

2,064,419

-7.2

Франција

1,836,480

+5.7

Италија

1,638,364

-3.2

Шпанија

1,131,081

+10.0

Белгија

492,616

+2.9

Полска

443,251

+11.9

Холандија

389,444

+8.4

Шведска

304,916

-2.3

Австрија

298,271

+0.05

Швајцарија

248,074

-3.2

Чешка

227,488

-0.5

Португалија

196,652

+4.9

Данска

186,718

-0.3

Ирска

124,786

-4.4

Норвешка

123,155

-4.4

Унгарија

115,539

+24.2

Романија

110,331

+24.2

Финска

105,670

+4.8

Грција

91,201

+19.7

Словачка

83,792

+5.0

Словенија

64,000

+5.7

Хрватска

54,060

+20.4

Луксембург

46,667

+2.5

Бугарија

29,005

+15.6

Литванија

27,151

+26.4

Естонија

22,243

+5.9

Исланд

16,772

-13.3

Латвија

14,798

+4.8

Кипар

11,393

+0.1

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Дизелот спадна на 37% на европскиот пазар

Три илјади нови возила за половина година во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Како Европа го поттикнува возењето еколошки автомобили

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes ecitaro hamburg

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

mercedes sprinter hartmann tuning vansports

Спортско комбе е добро комбе