за

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Toyota Corolla 12T test automedia
Toyota Corolla 12T test automedia

Бројките од продажбата на европскиот пазар покажуваат дека во април биле продадени 1,34 милион автомобили. Golf, Clio, Polo е водечката тројка и тука нема изненадувања. Некои модели сепак носат големи изенадувања. Новата Toyota Corolla во април постигнала за 25% повисока продажба отколку во истиот месец лани.

Класика во составот на водечката петорка на европскиот автомобилски пазар во април. Golf прв, веднаш по него Renault Clio, трет е VW Polo. Пријатна глетка е тоа што Ford Focus повторно е во одлична форма и со раст од 11,1% во продажбата се најде на четвртото место во април. Но, не е сé класика. Dacia Sandero исто така постигнала раст од 5,1% и го има петтото место во Европа.

Peugeot 208 oчекувано слабее пред комерцијализацијата на новиот модел, со само неколку стотини примероци помалку следи Skoda Ocravia (+5,6%), а кросоверот Volkswagen T-Roc е можното објаснување за смирувањето во продажбата на конкурентите во компактниот сегмент на СУВ и кросовер модели. Додека кросоверот на база на Golf има +33% во април, Qashqai изгубил 0,7% од ланската продажба, додека Peugeot 3008 SUV во април се најде само на 15-то место. Во меѓувреме стартуваше и Volkswagen T-Cross, кој се најде меѓу петте модели што постигнале најголем раст во споредба со април лани.

Топ 5 модели со најголем раст во април

  • Toyota Corolla
  • Citroen C5 Aircross
  • Fiat Panda
  • Mercedes A-Class
  • Volkswagen T-Cross

Новата генерација на Toyota Corolla веќе ги покажува резулатите од тоа што беше сосем јасно по тест-возењaта. Со 11.381 продадени примероци на европскиот пазар во април, јапонскиот компакт за малку не се најде во Топ 25, што е фантастичен резултат во овие рани месеци по стартот на продажбата. Може да се зборува и за „тојотанзива“ (сепак во Тојота Авто Центар се експерти за кованици од ваков вид), бидејќи RAV4 паралелно носи добри бројки во СУВ-сегментот, со 7.016 продадени примероци во четвртиот месец. Вниманието останува кај Toyota.

Mercedes CLA Premiera

Од моделите што не се најдоа во Топ 25, но уште се свежи на пазарот: Mercedes B-Class се продаде во 6.431 примероци во април, Mercedes CLA има 3.665 продажби, Volkswagen Touareg бележи 2.104 возила, заокружува Seat Tarraco со 1.963 примероци.

Топ 25 Најпродавани модели на европскиот пазар во април

Модел

Продажба

Тренд (%)

1

Golf

35.452

-9,6

2

Clio

29.998

9,0

3

Polo

22.637

-14,5

4

Focus

20.720

11,1

5

Sandero

20.292

5,1

6

208

19.983

-4,6

7

Octavia

19.673

5,6

8

Fiesta

19.341

-18,5

9

C3

18.916

11,3

10

Duster

18.593

30,0

11

Panda

18.345

50,2

12

Tiguan

18.329

-8,1

13

Captur

18.073

-2,9

14

Qashqai

17.902

-0,7

15

3008 SUV

17.843

1,9

16

Yaris

17.389

-1,0

17

T-Roc

17.231

33,1

18

Corsa

16.833

-5,8

19

2008

16.274

0,0

20

A-Class

15.544

63,9

21

500

14.912

-4,1

22

Fabia

14.708

-1,0

23

C-Class

13.610

0,7

24

308

13.318

-6,5

25

Leon

13.312

0,0

Топ 50 Најпродавани модели во Германија до април

Студија на Ford: Онлајн-купувањето доведе до продажен бум кај комбињата

Сега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија

Дизелот спадна на 37% на европскиот пазар

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen електрични возила САД

Електро-субвенции : Од 2.300 евра во Холандија до 11.500 евра во Романија

Seart Arona 1.0 TGI metan

Seat Arona на метан вози 100 km за 150 денари