Најголемиот пазар за автомобили во светот првпат забележа зголемување во продажбата за јуни, по цела една година во негативен тренд. Причина за растот може да биде и тоа што продажбата во ланскиот јуни беше мошне слаба.
Кинескиот пазар на автомобили повторно расте, откако пред една година започна негативниот тренд. Претходно, Кина бележеше непрекинат раст во период од повеќе од две децении. Во јуни се продале 1,8 милион патнички автомобили или за 4,9 повеќе возила отколку во истиот месец лани.
Кина е особено важен пазар за големите светски производители. За Volkswagen и неговата премиум марка Audi, кинескиот пазар е најголем и најважен автомобилски пазар во светот. Истото важи и за Mercedes или BMW.
Царинскиот спор меѓу САД и Кина предизвика несигурност меѓу купувачите на автомобили во земјата, што доведе до соодветно намалување на продажбата. Покрај тоа, кинеската економија повеќе не бележи толку рапиден пораст како во минатите години.