за

Приколка за кампување што се претвора во јахта

Пловечка приколка за кампување

Купувачите обожуваат кога добиваат голема употреблива вредност. Тешко дека камперите можат да замислат поголема употреблива вредност од приколка со којашто можат да пловат како со јахта

Иноваторите во браншата ни прават сé поголем проблем да ги опишеме нивните пронајдоци накусо. Departure One или е јахта што се вози или е приколка што плови, зависи од гледиштето. Идејата постои долго време, уште во 1960-те години се појавува првиот бран од камп-приколки што пловат. Меѓутоа, денешните техники и искуства овозможуваат да се изработат „јахта-приколки“ што навистина функционираат.

Пловечка приколка за кампување 7
Необичната јахта-приколка привлече многу внимание на салонот на возила и опрема за кампување во Диселдорф

Departure One всушност пристига од многу далеку, од Австралија, а по пристигањето на европска почва се приспособува според европските стандарди. Преправките ги врши фирма во Хамбург, пристанишниот град што е очигледно зошто Германците го нарекуваат „врата кон светот“.

Возливата јахта се испорачува во две основни изведби, коишто се разликуваат во моќноста на моторот. Со изведбата со 15 КС може да се плови без „капетанска“ дозвола, по крајбрежјето и по европските водни патишта. Со дозвола, Departure One може да располага со моќност до 50 КС.

Покрај тежината од 2,7 тони, и влечното возило за оваа приколка треба да биде посебно

Превозот до вода се врши со приколка за чамец со две оски, а како влечно возило може да послужат само најтешките и најсилни теренци, кои се способни за 2,7-те тони на „јахтата“ заедно со приколката. Мора да се смета и на деветте метри должина и на ширината од 2,5 метри.

Departure One е долга 7,8 метри. Внатрешната висина при стоење изнесува два метри. Внатре има четири лежишта, кујна, тоалет со туш, како и полупокриена тераса одзади. Четиричлен екипаж може да се одвои од цивилизацијата на два дена. Толку трае резервата од струја и вода.

Пловечка приколка за кампување 6

Влегувањето е преку вратата што е поставена средишно во целосно застаклениот преден дел од приколката. Двете спални се раздвоени со врата. Напред има два единечни лежаи од 190 х 80 сантиметри. Седечката гарнитура назад се претвора во лежај со големина од 200 х 100 сантиметри.

Кујната располага со стаклокерамичка плоча за готвење, ладилник и микробранова печка. Командниот пулт е веднаш зад предниот дневен престој, од кадешто капетанот добива целосен преглед, а дополнително добива слика и од камерите. Резервоарите за свежа и отпадна вода собираат по 60 литри. Постои посебен систем за греење, кој работи на моторно гориво. Ѕидовите и покривот се изолирани со XPS, а во подот има дури 20-сантиметарски слој полиуретан, поради што оваа амфибија може неограничено да се користи и во зима.

Цената за основната изведба изнесува околу 70.000 евра.

[FAG id=34860]

Кинезите бараат и приколки за кампување

Овој дом нема куќен број: Vario Perfect 1200

Шатор на покрив е добра идеја за викенд одмор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla Touring Sports

Toyota Corolla во комби изведба за салонот во Париз

Разноликоста на СУВ-моделите, Seat Ateca

Разноликоста на СУВ-моделите: Погодете ја марката и моделот