161
21 shares, 161 points

Компанија со седиште во Босна и Херцеговина и со десетина фабрики ширум Европа, го пренамени производството од навлаки за автомобилски седишта во изработка на заштитни маски и облека.

Добавувачот на автомобилската индустрија Prevent, со историска заднина што се поврзува со сараевскиот ТАС, како и по милионскиот спор со концернот Volkswagen, наскоро ќе започне да испорачува заштитна опрема во услови на пандемијата од корона. Првите испораки се наменети за една голема фармацевтска компанија и за неколку клиники ширум Европа. Засега не се спомнуваат бројки, но се најавува дека уште во текот на април ќе се испорачаат околу еден милион заштитни маски и заштитна облека.

Фирмата со седиште во Босна и Херцеговина соопшти дека целосно го пренаменила производството во десет свои фабрики во Европа, во изработка на заштитна опрема. Во фабриките досега се произведуваа облека, кондури, навлаки за седишта и материјал за тапацирање мебел.

Continental исто така планира производство на заштитна опрема

Останатите компании исто така реагираат на неопходноста од големи количини заштитна опрема во кризата од корона. Познатиот добавувач на автомобилската индустрија Continental, планира да стартува со производство на таква опрема. Засега уште нема податоци кога и во кои фабрики ќе се изравотува истата.

Од познатите компании, модната марка Hugo Boss почна со производство на маски за повеќекратна употреба во својата фабрика во Мецинген, Германија. Околу 200.000 маски ќе се дистрибуираат до јавните установи во земјата.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *