за

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина
Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Производителите на автомобили од премиум марките си го обновија пазарот во Кина многу побрзо отколку што е случај кај обичните марки. Производителите се надеваат дека и Европа ќе заздрави исто толку брзо од корона-кризата.

По обновувањето на производството на автомобили во фабриките во Кина и по отворањето на салоните, продажбата на автомобилите од премиум сегментот се врати во нормала многу побрзо отколку продажбата на таканаречените големоволуменски марки.

Познатите кинески марки од рангот на Ceely, Changan и Great Wall веќе напредуваат. Но, големата вест е во тоа што Mercedes C-Class, Audi A4 и серијата 3 на BMW, како и Mercedes E-Class, во март се најдоа на листата на Топ 20 најпродавани модели на кинескиот пазар. Досега не се случило престижните модели да доспеат толку високо на продажните листи.

Beijing Benz во минатиот месец продал 51.000 возила, што е само два проценти помалку отколку лани. Слична продажба бележи и Brilliance BMW, со 41.200 автомобили, односно 13% послабо од истиот месец лани. Според аналитичарите, тоа е доказ дека премиум марките се враќаат во форма по корона-кризата значително побрзо отколку големоволуменските марки и кинеските конкуренти. Додека Mercedes и BMW имаат релативно мал пад, целиот пазар на автомобили во Кина се намалил за 40% во споредба со март лани.

Првите две места во продажбата им припаѓаат на заедничките компании на Volkswagen со кинеските партнери

Првите две места во продажбата ги држат заедничките компании на VW со кинеските партнери. FAW-Volkswagen бележи пад за 25% и вкупно 115.909 продадени автомобили, веднаш по него следи SAIC Volkswagen, со 85.200 возила и намалување од 45% во споредба со лани.

Кина се обидува да ја поттикне продажбата преку попусти, даночни олеснувања и со помалку ограничувања за продажбата на автомобили со обичен мотор. Продажбата на електричните автомобили послабо зема замав. Како понатаму ќе се движи пазарот, ќе се покаже веќе во април.

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриките на Audi повторно во работа кон крајот на април

Фабриките на Audi повторно во работа од крајот на април

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи