за

Стара против нова школа: Rio и Polo против 208 и Corsa

Kia Rio vozenje
Kia Rio vozenje

Да не наведуваме на погрешен заклучок. „Стара“ школа во случајов се однесува на модели што се појавиле на пазарот пред најмногу три години. Последниов период беше мошне бурен во класата на градските автомобили. Неколку големи моделски имиња се појавија во нова генерација. Дали се работи само за шминка или новиот бран модели донесе и суштински квалитети?

Автомобилите напредуваат со огромни чекори: Електричен погон, автопилотирано возење, големи дисплеи и процесори што одамна се помоќни отколку во домашниот компјутер. Така производителите сакаат да ја прикажат сцената. Реалната слика е поинаква. Разгледуваме неколку модели од градската класа. Во овие времиња, се скусуваат сите буџети. Меѓу моделите во овој преглед, постојат неколку што се „постари“, а тоа обично значи дека се претставени пред две или три години, или во најмала рака има минато толку време од нивното последно моделско освежување. Моделите веќе одамна се докажани, но тоа што посебно нé интересира во услови на корона-криза е следното: Буквално сите модели од таа генерација, моментно се достапни со акциски цени и големи попусти.

Наспроти нив, пазарот нуди и модели што се појавени пред околу половина година, како Peugeot 208 или Opel Corsa. Како „свежи“ модели, големите попусти за нив ќе следат дури откако тие ќе влезат во втората половина од моделскиот век, а тоа ќе се случи дури по четири или пет години. За нив, трговците уште се скржави, таму купувачот не може да очекува зделки што ќе направат тој да се чувствува како добар „бизнисмен“.

Одговорите што ги бараме во овој преглед: Колку навистина изнесува разликата во цената меѓу моделите од градската класа што ги познаваме неколку години и моделите на кои уште им претстои да се докажат на пазарот; Дали новите модели во класата нудат предност што ја оправдува нивната повисока цена?

Поаѓаме од најдостапната понуда во оваа класа во моментов и продолжуваме кон следната.

Mitsubishi Space Star 1.2 Invite · Цена: 10.380 евра

На градската „ѕвезда“ на јапонската марка можеби ѝ недостигаат петнаесетина сантиметри во должина, во споредба со големците во класата. Меѓутоа, Mitsubishi намерно не го развлече Space Star до стандардните четири метри, затоа што стратезите во марката ценеа дека токму покусата каросерија ќе се покаже како предност во секојдневието. Моделот трипати досега бил на тест во Аутомедиа, последниот пат со моделското освежување, коешто му донесе нос како на Eclipse Cross и Outlander. Во поглед на просторноста, патничката кабина во ништо не заостанува зад „големите“. Вистина е дека багажникот е за еден број помал, меѓутоа формата е правилна и во него може да собере многу повеќе багаж или товар, отколку во модели што се фалат со најголем багажник во класата, но затоа широките поткрила целосно ја уништуваат искористливоста. Уште едно големо изненадување од Мак Аутостар и Mitsubishi. Основниот модел со 1,0-литарец и комплетна опрема, чини 8.880 евра. Последниот тест на Space Star е достапен на следната врска.

До страницата за моделот на Мак Аутостар.

Технички податоци
Mitsubishi Space Star 1.2 Invite
Мотор 1193 ccm, 3 цил.
Моќност 80 КС
Врт.момент 106 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 3845 mm
Ширина 1665 mm
Висина 1505 mm
Меѓ.раст. 2450 mm
Круг врт. 9,2 m
Багажник min 209 L
Багажник max 881 L
Тежина 950 kg
Носивост 390 kg
0-100 km/h 12,6 s
Vmax 180 km/h
Бучава 71 dB
Град 5,3 L/100km
Пат 4,4 L/100km
Просек 4,7 L/100km
CO2 108 g/km
Резервоар 35 L
Гаранција 5г/100000km

Toyota Yaris 1.0 Terra · Цена: 10.490 евра

Taa е како јапонско Polo – во смисла на тоа дека веднаш по седнувањето зад волан, човек се чувствува на познат терен. Нема никакви тајни во ракувањето или функционирањето, ниту пак Yaris во нешто заостанува зад врвот во понудата во класата на градските автомобили. Тоа што автомобилот го носи знакот на Toyota, значи дека е добро изработен и ќе остане во истата состојба и по долги години, значи и дека е практичен и штедлив. Јапонската марка кон крајот на летото ќе стартува со испорака на новата генерација на Yaris. Тоа веќе го испочитуваа од Тојота Авто Центар со акциската понуда: Yaris со познатиот еднолитарски мотор и опрема Terra, по цена од 10.490 евра, место редовната цена од 11.690 евра. Ако веќе се користи оваа „шанса“ – а познавачите ги чекаат ваквите моменти пред генерациската смена – тогаш е уште подобро да се погледне понудата за посилниот модел, со 1,5-литарец и 111 КС. Таму акциската цена вели 11.290 евра. Врска до страницата за моделот – https://www.toyota.com.mk/promocija/sekoj-den-sekoj-pat/

Технички податоци
Toyota Yaris 1.0
Мотор 998 ccm, 3 цил.
Моќност 72 КС
Врт.момент 95 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 3945 mm
Ширина 1695 mm
Висина 1510 mm
Меѓ.раст. 2510 mm
Круг врт. 9,6 m
Багажник min 286 L
Багажник max 768 L
Тежина 1055 kg
Носивост 395 kg
0-100 km/h 15,3 s
Vmax 155 km/h
Бучава 70 dB
Град 5,3 L/100km
Пат 4,2 L/100km
Просек 4,6 L/100km
CO2 104 g/km
Резервоар 42 L
Гаранција 3г/100000km

Skoda Fabia 1.0 MPI Ambition · Цена: 10.800 евра

Skoda Fabia 10 TSI Ambition test

Тука станува збор за специјална понуда од Порше Македонија. Уште рано во корона-кризата, компанијата започна со онлајн-продажба на возила од залиха, дополнително промовирајќи ја оваа услуга со 1.000 евра попуст при склучување договор за лизинг. Опфатени се сите марки, во нашиов контекст одговара Skoda Fabia. Целата залиха на Порше беше објавена на страниците на марките. Од Fabia моментно е останат само еден примерок. Од дополнителна опрема, оваа Fabia во црна металик боја (120 евра) поседува уште блутут (106 евра), кожен волан со сјајна лајсна (198 евра), радио Swing со дисплеј од 6,5 инчи (223 евра). Место 12.197 евра, вклучувајќи ги дополнителните ставки, чешкиот автомобил е достапен за 10.800 евра. На тоа следат и 1.000 евра попуст, при онлајн склучување договор за лизинг. Fabia беше на тест во нашата редакција, објавата е достапна на оваа врска.

До понудата на Порше Македонија: https://www.skoda.com.mk/sovetuvanje-kupuvanje/lager/fabia

Технички податоци
Skoda Fabia 1.0 MPI
Мотор 999 ccm, 3 цил.
Моќност 60 КС
Врт.момент 95 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 3997 mm
Ширина 1732 mm
Висина 1467 mm
Меѓ.раст. 2470 mm
Круг врт. 9,8 m
Багажник min 330 L
Багажник max 1324 L
Тежина 1081 kg
Носивост 455 kg
0-100 km/h 16,4 s
Vmax 158 km/h
Бучава 72 dB
Град 5,6 L/100km
Пат 4,3 L/100km
Просек 4,7 L/100km
CO2 108 g/km
Резервоар 45 L
Гаранција

Kia Rio 1.25 MPi Vision · Цена: 11.290 евра

Kia Rio Vision

Rio е еден од карактерните ликови во класата на градските автомобили. Насоката во којашто Kia го развива овој модел беше очигледна уште во претходната генерација. Тука станува збор за модел со спортски нагласок, како во дизајнот, така и во возните својства. Не се работи за козметика и додатоци што само ќе имитираат спортски автомобил, туку за правец што бил избран при конструирањето на секој дел од автомобилот. Ваквиот карактер се претвора во динамика и во уживање во возењето – без притоа подвозјето да биде тврдо или гласно. Кусо, Kia нуди добро заокружен „пакет“ што во класичниот манир на Киа Моторс Македонија добива дополнителна привлечност преку цената, поточно преку противвредноста. Кога ќе се пресмета овој сооднос меѓу „вложеното и добиеното“, Rio се покажува како еден од фаворитите во ова друштво. И техничките податоци сведочат за добро заокружен пакет. Единствено Rio и Swift тука возат со четирицилиндарци. Kia е најдолга и со најголемо меѓускино растојание, поголем багажник имаат единствено Polo и Fabia, моторот има највисок вртежен момент … и секако, гаранција од 7 години или 150.000 километри.

До понудата на Киа Моторс Македонија: http://www.kiamotors.com.mk/rio.php

Технички податоци
Kia Rio 1.2
Мотор 1248 ccm, 4 цил.
Моќност 84 КС
Врт.момент 122 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 4065 mm
Ширина 1725 mm
Висина 1450 mm
Меѓ.раст. 2580 mm
Круг врт. 10,2 m
Багажник min 325 L
Багажник max 1103 L
Тежина 1110 kg
Носивост 450 kg
0-100 km/h 12,9 s
Vmax 173 km/h
Бучава 71 dB
Град 6,5 L/100km
Пат 4,9 L/100km
Просек 5,5 L/100km
CO2 125 g/km
Резервоар 45 L
Гаранција 7г/150000km

Suzuki Swift 1.2 Hybrid GL · Цена: 11.820 евра

suzuki swift test hybrid shvs dualjet

Suzuki е уште еден специјалец во ова друштво. Увозникот Миркат го нуди моделот во верзија со благ хибриден погон, без присуството на дополнителна техника за штедење да се почувствува во цената. Swift може комотно да се продава и без забелешката дека под хаубата работи благ хибрид, со стартер-генератор и мала батерија. Доволен е впечатокот за суверено повлекување што се доживува при поаѓање или забрзување. Овој ефект се должи на стартер-генераторот, кој на кусо се „претвора“ во електромотор при забрзување и поаѓање. Тоа што уште го нуди Swift секако е името, покрај бројните претходници, кои секогаш минувале беспрекорно и биле ценети како моделско име. Swift значи и добар стил, пристојно среден кокпит без светкави моменти што само би ја накачиле цената, но значи и чувство на лесен автомобил при возењето. Останува мајсторијата на Suzuki во т.н. лесни конструкции. Тоа чувство на го-карт им се допаѓа на возачките и возачите. Автомобилот на крајот освојува со динамичното и темпераментно возење, без тоа да оди на сметка на буџетот за гориво. Нашиот тест на Suzuki Swift е достапен на следнава врска.

До понудата на Сузуки Македонија: http://mirkat.com.mk/cars/swift-hybrid.html

Технички податоци
Suzuki Swift
Мотор 1242 ccm, 4 цил.
Моќност 90 КС
Врт.момент 120 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 3840 mm
Ширина 1735 mm
Висина 1480 mm
Меѓ.раст. 2450 mm
Круг врт. 9,6 m
Багажник min 265 L
Багажник max 947 L
Тежина 925 kg
Носивост 440 kg
0-100 km/h 11,9 s
Vmax 180 km/h
Бучава 67 dB
Град 4,6 L/100km
Пат 3,9 L/100km
Просек 4,1 L/100km
CO2 94 g/km
Резервоар 37 L
Гаранција 3г/100000km

Opel Corsa 1.2 · Цена: 12.990 евра

Opel Corsa MK-premiera

Во некои други времиња, Opel буквално ќе жареше и палеше со својата Corsa во конкуренција на градските автомобили. Меѓутоа времињата се сменија, заедно со сопственоста над компанијата. Opel сега е дел од PSA Peugeot Citroen и од некогашен лидер во развојот на автомобили, денес се наоѓа во ситуација да користи „туѓа“ техника од францускиот концерн. Во услови кога автомобили и на нашиот пазар можат да се нарачаат онлајн и да се склучуваат договори за лизинг, исто така онлајн, необично е тоа што Opel не објавува ниту основен ценовник за моделот, ниту пак нуди достапност до нивото на опрема.

Технички податоци
Opel Corsa 1.2
Мотор 1199 ccm, 3 цил.
Моќност 75 КС
Врт.момент 118 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d ISC
Должина 4060 mm
Ширина 1765 mm
Висина 1433 mm
Меѓ.раст. 2538 mm
Круг врт. 10,7 m
Багажник min 309 L
Багажник max 1081 L
Тежина 1055 kg
Носивост 495 kg
0-100 km/h 13,2 s
Vmax 174 km/h
Бучава 70 dB
Град 4,8 L/100km
Пат 3,6 L/100km
Просек 4,1 L/100km
CO2 93 g/km
Резервоар 40 L
Гаранција

Peugeot 208 1.2 Like · Цена: 12.990 евра

peugeot-208-premiera-skopje
peugeot-208-premiera-skopje

Peugeot 208 ветува многу, од верзија со електричен погон, до целосно дигитален кокпит или „полуавтопилот“. Но, во основниот модел не следува ништо од тоа. Привлечноста на францускиот автомобил, кој го следи стилот на 205, главно се постигнува во поскапите моделски изведби, со моќни мотори и богата опрема. Техниката и изгледот што Peugeot го комуницира во рекламите, се добива само кај топ-изведбите. Peugeot 208 GT-Line со трицилиндарски мотор со 130 КС чини 22.660 евра. Тоа е веќе ниво на цени кое што навлегува во следната класа, во голф-класата. Основниот модел настапува повеќе од скромно, почнувајќи од рачно местење на ретровизорите и дневни светла со обична жаречка светилка – Peugeot 208 место да ги предизвика и засени моделите што веќе неколку години се присутни на пазарот, практично им прави услуга. Германскиот магазин Ауто Билд направи споредба меѓу 208 и Clio, којашто ја пренесовме на македонски јазик и истата е достапна на следнава врска.

Технички податоци
Peugeot 208
Мотор 1199 ccm, 3 цил.
Моќност 75 КС
Врт.момент 118 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d ISC
Должина 4055 mm
Ширина 1745 mm
Висина 1430 mm
Меѓ.раст. 2540 mm
Круг врт. 10,4 m
Багажник min 309 L
Багажник max 1004 L
Тежина 1055 kg
Носивост 455 kg
0-100 km/h 13,2 s
Vmax 170 km/h
Бучава 68 dB
Град 4,8 L/100km
Пат 3,7 L/100km
Просек 4,1 L/100km
CO2 94 g/km
Резервоар 44 L
Гаранција

VW Polo 1.0 TSI Comfortline · Цена 14.200 евра

Уште еден автомобил од пионерската услуга на Порше на македонскиот пазар, со којашто се добива можност за онлајн пристап до возилата на лагер, како и до сите детали околу техниката, опремата, па и начините на плаќање за истиот. Тоа што Polo тука се појавува на крајот на прегледот, не значи и дека е „најскап“. Со 95 КС и со турбо-натполнење, Polo 1.0 TSI е најсилен во ова друштво, со тоа што предноста на „турбото“ се огледува најверно во вртежниот момент. Додека релативно тешките 208 и Corsa имаат на располагање 118 Nm, Polo тука парира со луксузни 175 њутнметри. Нагорнините не се чувствуваат толку во TSI, исто како што и менувачот при забрзување може комотно да се остави во актуелниот степен, без грижа дали моторот ќе повлече. Покрај тоа што го поставува врвот во моторизацијата, Volkswagen тука се појавува и со средното ниво на опрема Comfortline, додека повеќето останати модели конкурираат со основното ниво. Дополнителната опрема вклучува уште радио со дисплеј од 8 инчи и уште низа други ставки, со кои редовната цена на Polo Comfortline изнесува 16.261 евра. Со попустот, Порше го нуди моделот за 14.200 евра. Онлајн-попустот од 1.000 евра при склучување договор за лизинг важи и во овој случај.

До понудата на Порше Македонија: https://www.volkswagen.com.mk/soveti-kupuvanje/lager/polo

Технички податоци
VW Polo 1.0 TSI
Мотор 999 ccm, 3 цил.
Моќност 95 КС
Врт.момент 175 Nm
Менувач 5 ст.
Норма Euro 6d Temp
Должина 4053 mm
Ширина 1751 mm
Висина 1446 mm
Меѓ.раст. 2551 mm
Круг врт. 10,6 m
Багажник min 351 L
Багажник max 1125 L
Тежина 1155 kg
Носивост 455 kg
0-100 km/h 10,8 s
Vmax 187 km/h
Бучава 69 dB
Град 5,7 L/100km
Пат 4,0 L/100km
Просек 4,6 L/100km
CO2 105 g/km
Резервоар 40 L
Гаранција

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
volkswagen golf 8 производство најпродавани Германија

Кои модели се продаваа најмногу во Германија во април?

Филм на Lexus Такуми-мајстор се станува по 60000 часови работа

Филм на Lexus: Такуми-мајстор се станува по 60.000 часови работа