171
28 shares, 171 points

Студија спроведена од една германска агенција потврдува дека ослободувањето од предрасудите за автомобилските марки и нивните возачи е мошне тешко. Но, некои марки уживаат одличен имиџ

Тоа го знаат и децата. Англичаните готват невкусни јадења, Французинките се најдобри љубовници, Италијанците трчаат по секое здолниште, Германците се точни, а Полјаците … тие сакаат да крадат автомобили. Секако дека тоа се бесмислици. Но, предрасудите се разбиваат најтешко.

Како и за сé друго, постојат предрасуди за одредени марки автомобили и за нивните возачи. Една германска агенција спроведе истражување за постоењето на предрасудите. Најинтересно е тоа што заклучоците од студијата имаат универзална важност, односно: Тоа што Германците го мислат за одредни марки и возачи, речиси целосно се поклопува со тукашните предрасуди. Во повеќето случаи.

Од автомобилските марки во ова истражување, Mini ужива беспрекорен имиџ

За фината британска марка Mini, на пример, којашто спојува беспрекорна традиција и имиџ дотеран под конец, 92 проценти од испитаниците сметаат дека нејзините автомобили ги возат дами. Од овие дами, возачки на Mini, 85% важат како космопомолити, 87% како атрактивни и 93% како весели личности. Според претпоставките на испитаниците, просечната месечна заработка на возачките на Mini изнесува 2.200 евра (во овој поглед, студијата најмногу отстапува од нашите „предрасуди“ … но, можеби и не мора).

Сосем е различен профилот на возач на Mercedes. За 70% од испитаниците, тие се тесногради, за 82% се арогантни и за 73% се сериозни. Марката обично ја возат мажи, за кои се претпоставува дека просечно заработуваат по 3.400 евра месечно и имаат среден до висок професионален статус.

Оцените „тесногради“, „арогантни“, „без грижа за животната средина“ и „сериозни“ во истражувањето се појавуваат и кај останатите премиум и спортски марки, а особено кај Porsche, Jaguar, Ferrari, но и кај BMW и Audi. Единствено возачите на Tesla се ослободени од овој негативен имиџ. Народот смета дека возачите на оваа марка се најчесто мажи, со месечни примања од 4.700 евра и со висок професионален статус, но во исто време, тие се космополити, спортуваат, атрактивни се и имаат совест кон животната средина.

Возачите на Jaguar оставаат впечаток дека заработуваат повеќе од сите останати: Тоа не мора секогаш да е добар имиџ

Со исклучок на Ferrari, највисоки примања во анкетата се навеле за возачите на Јaguar. Британската марка е позиционирана највисоко и во поглед на професионалниот статус, пред Ferrari и Porsche.
Како дамски марки, покрај Mini се сметаат Smart (80%), Fiat (61%), Seat (55%) и Peugeot (55%).

Кај големосериските марки се потврдуваат некои од предрасудите, но има и изненадувања. Возачите на Volkswagen, на пример, во студијата важат како мошне тесногради и со ниска совест кон животната средина. Подобар имиџ имаат возачите на Toyota. Тие се особено грижливи кон животната средина, уште повеќе отколку возачите на Smart или Tesla. Јапонската марка котира добро и во категориите за космополитство, скромност и весел карактер.

Opel уште е под влијание на старите предрасуди, иако впечатливата кампања требаше да донесе нов имиџ. Од предрасуди трпат и возачите на марките од PSA, односно Peugeot и Citroen. Германците ги гледаат возачите на овие марки како тесногради, неатрактивни, неспортски, дебели и сериозни.

Ford го има истиот проблем со имиџот, но тој не е изразен толку силно. Во паралелна споредба, Hyundai има неутрален имиџ, што во случајов е подобро отколку кај Ford и Opel. Peugeot се движи околу просекот, исто како и Renault, но генерално важи повеќе како дамска марка, отколку марката со ромбот.

Dacia не ветува ништо што не може да го исполни: И тоа е добар имиџ

Позиционирањето на Dacia во евтиниот сегмент автомобили се огледува и во имиџот. Испитаниците навеле просечни месечни примања во висина од 1.900 евра, што е најниско од 20-те марки во студијата. На возачите на Opel, Fiat, Seat, Peugeot и Toyota им се „припишува“ плата од 2.000 евра. Просекот од 20-те марки, без Ferrari, изнесува 2.900 евра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
28 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743