за

Вака правилно се товари автомобилот пред одмор

товарење пред одмор

Тешките делови се товарат најдолу, тоа е првото и сосем логично правило при товарење на автомобилот пред поаѓање на летен одмор

Целта на првото правило при товарење е во тоа да се задржи тежиштето на возилото. Доколку тешки делови од багажот се остават повисоко, со тоа се повишува тежиштето на возилото и се влошуваат возните својства. Автомобилот повеќе се наведнува во свијоци, и во екстремен случај, како потреба од нагло сопирање во свијок или нагло избегнување пречка на патот, може полесно да ја изгуби стабилноста.

Секако дека и возачот мора соодветно да го приспособи начинот на возење, затоа што натоварен автомобил се однесува поразлично од празен автомобил. Треба да се има на ум дека тежината на патниците и на багажот може да изнесува околу половина тон.

Поради тоа, при товарењето треба да се внимава на следното:

– Тешките куфери и останатите тешки предмети е најдобро да се сместат веднаш зад задната клупа, легнати на подот и поставени средишно

– Кај дводелните каросериски форми (комбилимузини, СУВ и сл.), делови од багажот не треба да се наоѓаат повисоко од горниот раб на задната клупа. Производителите нудат мрежи или преградни решетки, кои ги штитат патниците од излетување предмети кон нив при нагло сопирање

– Подобро е да се избегнува соборување на дел од задната клупа, затоа што таа е еден вид заштитен ѕид за патниците. Доколку тоа е неизбежно, багажот треба дополнително да се прицврсти и обезбеди

– Кога дел од багажот се остава на едно од седиштата, потребно е да се користат ремени за затегување што ќе спречат негово изместување и излетување

– Предметите не треба да се оставаат неприцврстени во кабината. При нагло сопирање или незгода, дури и лесните предмети можат да се претворат во опасни проектили. Еднолитарско шише вода, при судир со брзина од 50 километри на час, станува проектил што со тежина од 25 килограми ги удира патниците на предните седишта

– Правилото потешките предмети да се товарат пониско важи и при користење багажник на покривот. Овој товар уште позначајно го менува тежиштето на возилото. Не треба да се заборава на дозволената носивост на покривот, којашто е наведена во прирачникот за возилото. Правилното прицврстување на багажот на покрив е особено важно.

– Ограничување на тежината постои и за багажниците што се прицврстуваат назад на возилото и обично се користат за превоз на велосипеди и сл.

– Со натоварено возило се препорачува внимателно возење со приспособена брзина. Не смее да се превиди фактот дека патот на сопирање на возило што е целосно натоварено се продолжува значително. Покрај тоа, сменети се и возните својства, а и возилото забрзува послабо, па треба да се предвиди повеќе простор и време за престигнување на побавните возила. При ноќно возење треба да се приспособи и висината на светлосниот сноп, за возачите од спротивниот правец да не се заслепуваат, но и заради подобро осветлување на патот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar i-pace endi marej

Енди Мареј меѓу првите сопственици на електричниот Jaguar I-Pace

алфа ромео џулија кв ауди рс5 споредба ауто билд

Alfa подобра од Audi на споредбен тест на Ауто Билд