за

Каква храна е правилна при возење на долг пат

seat hrana dolgo vozenje
seat hrana dolgo vozenje

Кога треба да се вози со часови, важно е каква храна се јаде. Самото возење троши меѓу 1.000 и 1.350 калории на дневна основа. Ориз, тестенини, кромид и домати не се најдобар избор. Дехидрираноста прави возењето да биде опасно исто како при алкохолизираност.

Сезоната на патување на летен одмор е во ек. Некои возат само час до местото што го избрале за одмор, други мораат да возат цел ден. Малкумина возачи помислуваат дали храната што се конзумира пред или во текот на патувањето влијае врз способноста за возење. Јадењето несоодветна храна може да предизвика мачнина, замор, вознемиреност и стомачни реакции. Возачот тешко се концентрира, возењето станува опасно.

Калории не се трошат зад воланот: Возењето е активност што согорува меѓу 1.000 и 1.350 калории на дневна основа. Тоа е исто како седење. Поради тоа, нема потреба да се земаат дополнителни калории, туку подобро е да се ограничи на 2.000 до 2.500 калории дневно. Не треба да се вози ниту на празен стомак, затоа што може да се спушти нивото на шеќерот и да се појави мачнина. Секако дека концентрацијата се намалува.

Помали количини во редовни временски растојанија: Обемните оброци предизвикуват мачнина, стомачни болови, чувство на печење во желудникот и гасови. Сето тоа ја смалува способноста за концентрирање. Докажано е дека способноста за возење слабее за 10 проценти. Препорачливо е да се запира почесто и да се јаде помалку, а по главниот оброк да се пешачи 15 минути или да се дремне.

Храна што треба да се избегнува: Пржена, зачинета храна и сосови може да бидат пречка за безбедно возење. Кога треба да се вози, подобро е да се избегнува јадење ориз, грав и тестенини. Количината на јаглехидрати треба да биде помала, бидејќи тие предизвикуваат надуеност, согоруваат брзо и не заситуваат подолго. Јадење многу цитруси, кромид и домати предизвикува стомачни потешкотии и препорачливо е тие да не се конзумираат уште еден ден однапред.

Водата е главното гориво: Според студијата на Универзитетот Лафборо, возачите што се дехидрирани прават грешки исто како да имаат 0,8 g/l алкохол, што одговара на 4 чаши вино. Возачите во тој случај тешко ја следат лентата, сопираат задоцнето и возат преблиску до банкината. Затоа е основно, при возењето да се пие многу вода. Најдобар избор е токму водата, но таа може да се измеша со овошен сок. Наспроти тоа, не се препорачува користење енергетски пијалоци. Истото важи и за пиење повеќе од две кафиња или чај.

Јадење додека се вози: Во повеќето европски држави, тоа не е забрането. Меѓутоа, студија на Универзитетот Лидс покажува дека реакцијата при јадење за време на возењето се продолжува за 44 проценти. Во Шпанија постои казна од 200 евра доколку возачот јаде додека вози, а истото во Велика Британија се санкционира со 100 фунти и три негативни бодови.

Мени при возење на долг пат:

Доручок:

  • Две парчиња тост со варена шунка или кашкавал
  • Парче овошје
  • Кафе или чај

Ужина:

  • Вегетеријански сендвич и вода

Ручок:

  • Салата
  • Месо или риба на скара или печено
  • Овошје
  • Вода и кафе или чај

Ужина:

  • Овошје, јогурт и вода

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

cruise av general motors

General Motors го одложи стартот на роботското такси

hobbs and shaw film

Топ 10 Незаборавни автомобилски сцени на филмското платно