158
25 shares, 158 points

Научниците и водечките компании започнаа истражувачки проект којшто до крајот на деценијава треба да даде одговор на прашањето: Каде завршува истрошениот материјал од автомобилските гуми?

На овој проблем досега не му се придаваше значење. Истрошениот материјал од профилот на автомобилските гуми не останува на асфалтот, туку при секој дожд се собира во канализацијата или завршува во земјиштето околу патот.

Според научниците, количината на ситни честички од истрошените гуми во градските средини е дури и поголема од онаа што се ослободува од пластичните шишиња, ќеси и чаши кои се фрлаат на улица. Ориентациски, автомобил што минува 10.000 километри годишно, остава околу 1 килограм гума во животната средина. Германскиот институт за патишта пресметал дека секоја година на улиците во земјата завршуваат по 110.000 тони прашина од трошењето на автомобилските гуми.

Пневматиците не се изработуваат само од гума, туку содржат и различни видови пластика и метали, вклучувајќи цинк

Постојат комбиниран и раздвоен систем за одведување на отпадните води. Во раздвоениот систем има посебна атмосферска и фекална канализациска мрежа. Атмосферската вода обично завршува директно во реките, носејќи ги и честичките од автомобилските гуми. Во комбинираниот систем, двете мрежи завршуваат заедно во пречистителните станици.

трошење автомобилски гуми споредба

Автомобил што минува 10.000 километри годишно остава околу 1 килограм гума во животната средина за тоа време

Честичките од истрошениот профил на автомобилските гуми во најголемиот дел се отстрануваат во овие станици, заедно со останатите нечистотии. Проблемот кај овие станици е при силен дожд, кога мрежата прелева и уличната нечистотија завршува директно во реките, место во пречистителните станици.

Производителите се соочуваат со компромис: Автомобилските гуми што не се трошат постигнуваат катастрофално лоша безбедност

Производителитена гуми, од друга страна, соочени се со компромис. Гумите што се трошат помалку, обично постигнуваат послаби возни својства. За добра стабилност е потребен и добар контакт со подлогата, а тоа значи и трошење на гумите. Покрај тоа, неквалитетните смеши кои ги користат непознатите производители од Истокот покажуваат катастрофално лоши својства при секој дожд. Зад автомобилските пневматици стои големо истражување и развој.

Науката паралелно спроведува истражување и за прашината што се создава од трошењето на сопирачките облоги. Влијанието на автомобилите врз животната средина е далеку од тоа дека се сведува само на штетните емисии при согорувањето на горивата.

24 часа и 4000 гуми на Dunlop на Нирбургринг

АДАК Тест на гуми за сите сезони

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T

Камионските гуми добија интернет

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
25 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730