162
28 shares, 162 points

Во вредноста за потрошувачката на гориво што е прикажана на патниот компјутер не треба да се верува секогаш. Отстапувањата од вистинската потрошувачка на гориво обично се движат меѓу пет и десет проценти, но постојат и случаи кога се јавува неточност од 10 проценти.

Тоа е разлика што некои возачи ќе ја сметаат како незначителна, но други возачи нема да се помират со оваа непрецизност, па ќе сакаат да ја преземат работата во свои раце. Вистинската вредност на потрошувачката се одредува едноставно, со малку внимание при полнењето гориво и со калкулатор.

Некои најобични процедури ги имаме заборавено во ерата на паметните телефони

Чудно е тоа што во времето на паметните телефони, возачите ќе поминат повеќе време во барање добра апликација за пресметување на потрошувачката на гориво, отколку што е потребно за вредноста да се дознае на стариот и проверен начин.

Наполнете го резервоарот на возилото до крај, најдобро до првото исклучување на пиштолот за точење. Поништете ја дневната километража. Тоа обично се врши со задржување на копчето под бројчаникот. Возете неколку стотина километри, резервоарот не мора да се празни до крај. Секако дека треба да се вози со вообичаениот стил, како секој ден.

Следи решавачкиот момент, односно дополнувањето на гориво во резевоарот. Повторно полнете до првото исклучување на пиштолот. Би било умно да се користи и истата пумпа за точење гориво, тие исто така подлежат на баждарење. Запишете ја количината на наполнетото гориво и прочитајте ја вредноста на километражата.

Просечна потрошувачка на гориво

Формула за просечната потрошувачка на гориво:

Наполнета количина гориво во литри / Извозени километри х 100 = Потрошувачка во L / 100 km

Пример: Имате извозено 634 километри, а резервоарот е дополнет со 53,2 литри гориво

53,2 l / 634 km х 100 = 8,39 L / 100 km

Најпрецизен увид во потрошувачката на гориво ќе добиете кога повеќепати ќе ја извршите оваа процедура и ќе го пресметате просекот од сите одделни вредности.

А, колку изнесува трошокот за гориво за секој изминат километар?

Од голема корист за намалување на трошоците во домашниот буџет може да биде сознанието, колку се плаќа за гориво за секој извозен километар со возилото. Вистинската вредност на потрошувачката на гориво ја имаме, потребно е само уште да се погледнат цените на горивата. Цените по „првомајстото“ поскапување за два денари се 70 денари за литар 95-октански бензин и 62 денари за литар дизел.

Трошок за гориво по километар

Формула за цена за гориво од поминат километар:

Просек во l/100 km x Цена за литар бензин / 100 =  Цена за километар

Со вредноста за просечната потрошувачка од 8,39 литри бензин од нашиот пример:

8,39 l/100 km х 70 ден. / 100 = 5,9 денари за еден километар

 

Овој податок понатаму може да се користи на најразличен начин, почнувајќи од најосновниот, дека за секои 100 километри пат ќе се потрошат 590 денари за гориво. Скопје-Охрид-Скопје за околу 2.000 денари, без патарини.

Да земеме за пример дека секојдневната рута до работното место и назад изнесува 6,8 километри. Би рекле дека тоа е незначително растојание. Но, пат од 6,8 километри помножен со 5,9 денари за секој километар, дава 40,1 денари. Секој работен ден по толку, односно околу 800 денари месечно.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Што ако потрошувачката се зголеми одеднаш?

Фабричките вредности за потрошувачката на гориво што ги наведуваат производителите на автомобили (според нормата NEDC) се далеку од реалноста и тоа го знаеме сите. Отстапувањата кај последните генерации автомобили можат да достигнат и 40 проценти. Од минатиот септември е на сила новата норма WLTP, којашто е поблиску до реалноста.

Проблем е кога возачот ќе забележи дека возилото наглои почнало да троши повеќе гориво. Во тој случај веројатно постои дефект.

Барањето на дефектот е сложена постапка, но за ориентација може да се има предвид следново:

  • Грешка во работата на контролната електроника на моторот
  • Зачепени прскалки, стари свеќички за палење и заситени филтри за воздух
  • Дефект на споредните агрегати, на пример клима-уредот
  • Дефект на лежиштата или сопирачките

[/tie_slide]

[tie_slide]

Како да се вози поштедливо?

Кога потрошувачката на гориво ќе се зголеми одеднаш, причината не мора да биде некој дефект. Има голема веројатност дека причината е во стилот на возење. Основните совети за штедливо возење:

  • Забрзувајте нормално, но рано префрлувајте во повисок степен (кај денешните турбо мотори, тоа може да се случи уште при 2.000 вртежи)
  • Избегнувајте возење под полна гас
  • Внимавајте на текот на сообраќајот, за да избегнете запирање и повторно забрзување.
  • Користете го моторното сопирање. Погрешна е навиката на некои возачи, кои менувачот го стават во неутрална положба и сопираат. Денешните мотори го прекинуваат дотокот на гориво при отпуштањето на педалот за гас, но само кога менувачот е во „брзина“.
  • Не соборувајте брзински рекорди по автопат и возење со дозволента брзина. При брзина од 160 km/h, моторот троши за две третини повеќе гориво октолку при 100 km/h.
  • Гаснете го моторот кога мирувањето трае подолго од 20 секунди. Денешните старт-стоп системи сами го вршат тоа.

[/tie_slide]

[tie_slide]

На што треба да се внимава кај автомобилот?

Покрај стилот на возење, врз потрошувачката на гориво влијаат и други фактори:

  • Носач за багаж на покрив го зголемува отпорот на воздух и предизвикува потрошувачката да порасне и до 20 проценти
  • Пренискиот притисок во гумите ја зголемува потрошувачката. Класика е советот да се проверува притисокот во гумите при секое полнење гориво. Постојат и гуми што се конструирани да штедат гориво.
  • Лесноодно моторно масло (0W-30 или 5W-20) го намалува триењето во моторот и ја намалува потрошувачката на гориво. Овие масла се поскапи од обичните, така што треба да се направи добра пресметка – не земајќи ги предвид останатите предности.
  • Греењето на задното стакло, на седиштата и работата на клима уредот „трошат“ гориво. Затоа, истите треба да остануваат вклучени само колку што е потребно. Само клима уредот во одредени услови може да потроши неколку литри гориво на сто километри.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
28 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730