141
38 shares, 141 points

Пред 70 години, на 17-ти март 1949 година, Porsche првпат имаше штанд на 19-от салон во Женева, што беше и прво претставување на марката пред светската сцена. На малечок штанд во главната хала беа изложени купе и кабриолет од Porsche Typ 356.

Премиерата на Porsche пред светот ја организира Бернхард Бланк, хотелиер и трговец со автомобили од Цирих. Тој уште во 1948 година одвојува дел од неговиот Хотел Европа за салон за германската марка.

На салонот присуствуваат и Фери Порше, заедно со неговата сестра Луиз Пиех, мајка на Фердинанд Пиех, кој подоцна ќе го претвори Volkswagen во џиновски конгломерат. Автомобилите на Porsche се изложени на штандот со број 11.

„Кога ќе седнеш во Porsche, имаш впечаток како да се губиш под површината на патот“

Легендарниот автор од тоа време, Д. Б. Табс, во „Мотор“ од 30.03.1949 наведува за Porsche дека „е еден од најсимпатичните малечки автомобили на шоуто“. Тибс потоа ја опишува конструкцијата и пишува дека светот дотогаш нема видено пониско седење во сериски автомобил. „Кога ќе седнеш во Porsche, стекнуваш впечаток како да исчезнуваш под површината на патот.“

Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели

Што бара Porsche 550 Spyder среде музејот на Mercedes?

Porsche 911 Cabriolet со пропорции на Ким Кардашијан

Alpine добар колку Porsche: Споредбен тест на Ауто Билд


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
38 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *