155
28 shares, 155 points

Porsche лани стартуваше со услуга за полнење струја за возачите на електрични и плагин-хибридни возила. Сопствена мобилна апликација го олеснува користењето на полначите. Мрежата моментно опфаќа повеќе од 49.000 полначи во 12 држави

За нешто повеќе од половина година по стартот со услугата за полнење струја за електрични и плагин-хибридни возила, Porsche ја проширува мрежата во уште пет држави. Платформата моментно располага со повеќе од 49.000 полначи во дванаесет држави. Покрај Германија, Австрија, Швајцарија, Данска, Холандија, Белгија и Финска, во мрежата сега се вклучуваат и Норвешка, Франција и Шпанија, а наскоро и Велика Британија и Италија.

Новитетот кај Porsche Charging Service е можноста за оценување на квалитетот на услугата. На тој начин, возачите ќе знаат колку можат да веруваат во информацијата дека одредена станица за полнење е слободна. Заради дополнителна сигурност и како помош при планирањето, во возилото ќе се прикажува и статистика на дневната оптовареност на станицата со полначи.

Porsche Charging Service е дигитална платформа до којашто се пристапува преку мобилна апликација и го поедноставува користењето на полначите за струја; Важи и за електрични возила од други марки

Porsche Charging Service започна со работа во мај 2018, како дигитална платформа којашто се грижи за целата процедура околу користењето на полначите за струја. Услугата се состои во барање соодветни станици со полначи и едноставна наплата на користењето на полначот. Возачите не мораат посебно да се регистрираат во секоја одделна мрежа од полначи. Porsche има договорено единствени цени за користењето на услугата во секоја земја посебно.

Користењето на услугата во Германија чини 2,50 евра месечно, не вклучувајќи го износот на потрошената струја за полнење на батеријата. Porsche не го ограничува користењето на услугата само за возачите на марката, туку ја нуди истата за сите автомобили со електрична или електрифицирана погонска спрега.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Што бара Porsche 550 Spyder среде музејот на Mercedes?

Porsche 911 Cabriolet со пропорции на Ким Кардашијан

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Струја за сто километри со само три минути полнење

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
28 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *