за

Дебакл на наддавањето на историското Porsche: 17 или 70 милиони?

porsche typ 64 muzej
porsche typ 64 muzej

Наддавањето за еден од историски најзначајните автомобили на Porsche, последниот примерок од „Typ 64 и прв автомобил што го носи името Porsche, требаше да биде настан за паметење. Настанот ќе се помни, но поради пропустите на организаторот на наддавањето.

Колекционерите стоеја на готовс на наддавањето на Porsche Typ 64 од 1939 година, коешто се одржуваше викендов во рамките на автомобилската недела во Монтереј, Калифорнија. Според проценителите, овој историски значаен автомобил требаше да достигне вредност од најмалку 20 милиони долари. Но, место рекордот што светот очекуваше да се постави на ова наддавање во организација на прочуената аукциска куќа Сотби, се случи необјаснив дебакл.

Кога аукционерот ја објави почетната вредност од 13 милиони долари, на екранот зад него по грешка беше напишано 30 милиони долари. Истото се случи и кога вредноста се качи на 14 милиони долари, односно 40 милиони според екранот. Присутните почнаа да негодуваат, а кулминацијата следеше кога се појави комбинацијата со најавените 17 милиони долари од аукционерот и 70-те милиони долари според екранот. Тогаш и одговорните сфатија дека е направена грешка. Откако и публиката се побуни гласно, наддавањето мораше да биде прекинато.

Засега постојат само претпоставки, што навистина се случи во Монтереј. Најприфатливо е следното: Како што се забележува и на снимките, аукционерот изговара нејасно и не се разбира дали е „thirty“ или „thirteen“. Лицето коешто ракувало со прикажувањето на екранот, очигледно имало проблем да го разбере аукционерот.

Понудите официјално завршија на 17 милиони долари. Тоа е под минималната цена што сопственикот ја бараше за ова вредно парче од автомобилската историја. Porsche од 1939 година уште бара нов сопственик.

Ова фијаско предизвика бурни реакции на сцената, како кај експертите, така и во известувањата во медиумите. Сепак станува збор за еден од најпрестижните настани на автомобилската сцена.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bugatti centodieci

Bugatti Centodieci по цена на 8.000 метри квадратни

Ford Ranger Raptor nav

Ford Raptor го помни патот по терен за да врати на почеток