150
30 shares, 150 points

Транспортот на автомобилите на Porsche од фабрика, во Европа обично се врши по железнички пат. Од април, спортските модели ќе патуваат со воз и надвор од Европа. Еден дел од возилата што се испорачуваат за кинескиот пазар ќе патуваат по Новиот пат на свилата. Тоа ќе трае три недели покусо отколку досега.

Porsche лани продаде 31 проценти од својата продукција во Кина, којашто со тоа е најголем единечен пазар за марката од Цуфенхаузен. Околу 80.000 спортски автомобили лани патуваа повеќе од 10.000 морски милји, што значи околу 18.500 километри, по воден пат до Гуанжу, Шангај или Тјанџин. Транспортот од фабриката до центрите на Porsche во Кина трае 50 денови.

И покрај многубројните претовари и различните ширини на пругата, патувањето по копно е до три недели покусо отколку по вода

Единаесет проценти од вкупната испорака отсега ќе патуваат по новата железничка врска по Патот на свилата, до југозападот на Кина. Пругата е долга околу 11.000 километри и води од Германија, преку Полска, Белорисија, Русија и Казахстан, до метрополата Чонгкинг на југозападот на Кина. Оттаму, возилата ќе се дистрибуираат до центрите на Porsche.

Porsche Taycan дојде до фаза да си игра со снегот

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Porsche Cayenne Coupé блиску до формата од којашто сé започна

Porsche вложува 600 мил. € во фабриката во Лајпцих

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
30 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *