за

Porsche Taycan дојде до фаза да си игра со снегот

Porsche Taycan test zavrsni

Првиот Porsche со електричен погон моментно ги завршува последните тест-возења пред влегувањето во сериско производство. На работ на Поларниот Круг, Porsche Taycan ги докажа своите возно динамички потенцијали во услови на снег и мраз. Во исто време, друг тим инженери е на јужната полутопка, и тестира во летни услови. Во Јужна Африка се вршат проверки на перформансите, како и завршни дотерувања околу континуираната моќност на електромоторите.

Најекстремно е во Дубаи, кадешто се вози долго под целосно оптоварување, во услови на исклучителна жега. Полнењето на батеријата во такви услови, исто така е на дневен ред. Досега се тестираше во 30 држави ширум светот, на температури од минус 35 до плус 50 степени Целзиусови.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Пред да започне продажбата кон крајот на годинава, со прототипите на Porsche Taycan се извозени шест милиони километри ширум светот

Тестирањето на електричните автомобили се врши според истата процедура како за возилата со обичен погон. Дополнителен предизвик кај погонот на батерија е нејзиното полнење, како и одржувањето на температуирата на погонската спрега и на кабината, во екстремни услови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Неколку факти за тестирањето на Porsche Taycan:

    • Вкупно поминато растојание: Околу шест милиони километри, од кои два милиони без прекин
    • Држави: Вкупно 30, меѓу кои САД, Кина, Емирати и Финакс
    • Температури: Од минус 35 до плус 50 степени Целсиузови
    • Влажност на воздух: Од 20 до 100 проценти
    • Висина: од 85 метри до 3.000 метри надморска висина
    • Број на полнења: Повеќе од 100.000 со најразлични технологии за полнење
    • Тим: Околу 1.000 тест-возачи, техничари и инженери

Денес голем дел од развојот се врши виртуелно. Каросеријата, погонот, подвозјето, електриката и целата композиција, во голем дел се дизајнираат компјутерски и се симулира функционирањето. Виртуелните прототипи на Porsche Taycan имаат „извозено“ над десет милиони километри.

Повеќе од 20.000 заинтересирани купувачи уште пред серискиот модел да се појави во живо

Porsche Taycan ќе има премиера во септември, а испораките ќе стартуваат пред крајот на годината. Спортската марка досега има регистрирано повеќе од 20.000 заинтересирани купувачи од цел свет.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Taycan ќе забрзува од место до сто километри на час за помалку од 3,5 секунди. Досегот изнесува над 500 километри според старата норма NEDC. Возилото поседува 800-волтна архитектура, што овозможува литиум-јон батеријата при приклучување на супербрз полнач да се наполни со енергија за 100 километри пат за само четири минути.

Porsche Cayenne Coupé блиску до формата од којашто сé започна

Porsche вложува 600 мил. € во фабриката во Лајпцих

Возење Porsche со месечна претплата, без договори, само гориво

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes C-Class facelift

Освеженото годиште на Mercedes C-Class стартува од 33.990 евра

Lexus ES 300h Test 018_1

Тест: Lexus ES 300h Luxury