за

Porsche Taycan ја заврши турнејата на три континенти

Porsche Taycan Triple Demo Run New York
Porsche Taycan Triple Demo Run New York

Електричната лимузина на Porsche покажа пред публиката на финалето на Формула Е во Њујорк, дека за погонот на струја најмалку е проблем да се извозат брзи крутови по тркачката патека.

Фабричкиот возач Нел Јани, кој беше зад воланот на Porsche Taycan за време на финалето во Формула Е во Њујорк, не штедеше на пофалби за идната лимузина на батерија во салоните на спортската марка: „Ме изненади досегот што Taycan може да го постигне при возење по тркачка патека.“ Токму во тие услови најдобро се покажува ефектот од таканаречената рекуперација, односно користењето на залетот на возилото, кога електромоторот се префрлува на работа како генератор и полни струја во батеријата, буквално при секое сопирање или отпуштање на „гасот“.

Porsche Taycan возеше во земјите кои ќе бидат меѓу најголемите пазари откако ќе стартуваат испораките

Брзите кругови во Големото Јаболко беа финале на тоа што се водеше под името Porsche Triple Demo Run. Прототип на Taycan во минатите три недели се појавуваше трипати на три континенти. Кина, Велика Британија и САД се воедно и меѓу најголемите пазари за идниот сериски автомобил. Фолијата на покривот секогаш се избираше во чест на земјата домаќин. Во Њујорк, на покривот на претсерискиот Porsche Taycan беше поставена „старс-енд-страјпс“ графика.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За првото возење беше задолжен кинескиот тркач Ли Чао, возач во Porsche Carrera Cup Asia, кој го постави електричниот автомобил пред предизвиците на тест-патеката на марката во Шангај. Потоа, воланот го презеде поранешниот Ф1-возач Марк Вебер, воедно и амбасадор на Porsche. Тој возеше пред публиката на Фестивалот на брзината во Гудвуд.

Taycan ќе биде прикажан премиерно во септември, а испораките ќе стартуваат непосредно пред крајот на годината. За електричната спортска лимузина имаат пројавено интерес повеќе од 20.000 потенцијални клиенти, кои се регистрирани во програмата и имаат платено капар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati China Grand Tour

Мaserati со тура од 10.000 km низ Кина во чест на јубилејот

шуклев николов граница кина

Кинеската бирократија најголема пречка за авантуристите од Стојаково