156
20 shares, 156 points

Официјално не постои спортски автомобил со четири врати и со погон на струја што е побрз на Нордшлајфе од Porsche Taycan. Точно е дека конкуренцијата уште е малубројна, но е подеднакво точно и дека повеќе никој не ги гледа електричните автомобили како бавни и тешки возила, кои не досегаат далеку. Напротив.

Името на фабричкиот тест возач Ларс Керн често се појавува во последно време. Човекот едноставно има работа, урива рекорди. Последното достигнување се 7:42 минути на Нирбургринг-Нордшлајфе со претсериски примерок од Porsche Taycan. Моментно не постои побрз автомобил од таква сорта на германската патека.

Керн го опишува искуството во автомобилот што ќе има премиера веќе во следниот месец, во Франкфурт: „Постојано ме одушевува колку електричниот спортски автомобил е смирен на брзите пасажи и колку неутрално забрзува од тесните свијоци.“

Пред кусо време, Porsche Taycan докажа дека им е дораснат и на најестремните оптоварувања, откако 26 пати едно по други забрзуваше од место до 200 km/h. Пред тоа, пак, електро-спортистот извозе 3.425 километри за 24 часови, на брзинскиот овал во Нардо, со кого што инаку оперира германската марка. Брзината се движеше меѓу 195 и 215 km/h, а се возеше во услови на 42 оC температура на воздухот и 54 оС температура на асфалтот. Со супербрзите полначи, Taycan не мораше предолго да мирува чекајќи енергетско освежување.

Техно-фанатиците во Цуфенхауизен ги објаснуваат причините за овие супермоќи на Taycan:

  • Taycan поседува два особено ефикасни електротори напред и назад, односно вози со погон на сите тркала. Системите за регулација на погонот работат многу побрзо отколку кај обичен погон. Кога некое тркало ќе пролизга, електромоторот реагира буквално со брзина на молња. 
  • Интегрираната регулација на подвозјето Porsche 4D-Chassis Control ги анализира и ускладува сите системи во подвозјето. Тоа се однесува и на приспособливата пневматска амортизација со три комори, заедно со електронска регулација на амортизерите PASM (Porsche Active Suspension Management) и електромеханичка контрола на наведнувањето на каросеријата Porsche Dynamic Chassis Control Sport (PDCC Sport) – на тоа уште и Porsche Torque Vectoring Plus (PTV Plus). Рекордерскиот автомобил поседуваше и управувана задна оска и бандажи од 21 инчи. 
  • Taycan е прв сериски автомобил што работи под системски напон од 800 волти, место под вообичаените 400 волти. Тоа овозможува и подолготрајна работа под целосно оптоварување.

Постојат неколку режими на возење. Во „Sport Plus“ се вози екстремно динамично. Ладењето и греењето на батеријата се префрлуваат на максимални перформанси. Отворите за воздух за ладење се отвораат, а задниот спојлер се поставува во положба за максимален притисок, со помош на Porsche Active Aerodynamics (PAA). Подвозјето останува во најниската положба, а подвозјето работи во режим за максимални перформанси на тркачка патека.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *