150
20 shares, 150 points

Porsche ја претстави новата основна изведба на Taycan за кинескиот пазар, којашто е непозната во Европа. Станува збор за моделска верзија што се води чисто под ознаката Taycan и користи заден погон. Добрата вест е што моделот ќе пристигне и на европскиот пазар.

Електричниот Porsche Taycan на европскиот пазар се нуди во верзијата 4S со моќност од 530 КС, потоа во верзијата Turbo со 680 КС и во најмоќната изведба Turbo S со 761 КС. На овие моделски верзии што користат погон на сите тркала, на кинескиот пазар наскоро ќе им се придружи основна изведба што ќе се води чисто под ознаката Taycan и ќе има погон само на задните тркала.

Основната изведба на Porsche Taycan штотуку доживеа премиера во Кина. За разлика од верзиите со погон на сите тркала што поседуваат два електромотори, овој Taycan користи само еден. Неговата моќност изнесува 408 КС и сосем вообичаено за спортската марка од Цуфенхаузен ја испорачува истата само до задната оска. Батеријата е со капацитет од 79,2 kWh.

Досегот што го постигнува оваа изведба на Taycan изнесува 414 километри според стариот циклус. Клиентите ќе можат да доплатат за поголемата батерија со капацитет од 93,4 kWh од 4S. Во тој случај се вградува и посилен електромотор со 476 КС. Досегот во тој случај се зголенува на 489 километри.

Причината што новата изведба на Taycan е претставена прво во Кина е фактот што производителот очекува дека таа ќе постигне поголем удел во вкупната продажба на Taycan во земјата. Тоа воедно значи и дека Porsche наскоро ќе им ја понуди оваа изведба и на европските возачки и возачи.

>>> Осум цилиндри е подобро од шест: Porsche Cayenne GTS

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *