164
21 shares, 164 points

Шефовите на Porsche првично требаше да го објават бројот на нарачки за електричниот Taycan дури при неговата светска премиера на 4-ти септември.

Светската премиера на првиот електричен спортски автомобил на Porsche ќе се одржи на 4-ти септември во Берлин. Шефот Оливер Блуме прво планираше да го соопшти бројот на добиени нарачки за Taycan на самата премиера. Шефот на производство Албрехт Рајмхолд и шефот за персонал Андреас Хафнер сепак ја објавија тајната предвреме. На настан во Цуфенхаузен, во седиштето на Porsche, Хафнер откри дека „добиени се 30.000 нарачки за Taycan.“ Рајмхолд го потврди тоа. Претходно, спортската марка само наведе дека станува збор за повеќе од 20.000 примероци, но очигледно станувало збор за многу повеќе од тоа.

Porsche уште во јануари ја удвои планираната продукција за Taycan, откако се покажа дека постои голем интерес за електричниот модел. Во новите погони во Цуфенхаузен ќе се произведуваат 40.000 примероци од Taycan годишно. Според првичните планови, продукцијата требаше да изнесува само 20.000 примероци. При резервацијата за Taycan е потребно да се уплатат 2.500 евра.

Уште се во тек и конкурсите за нови работници што ќе бидат ангажирани во производството на спортскиот автомобил со погон на батерија. Останати се уште 500 од вкупно 1.500 работни места. Кај шефот за персонал Хафнер се пристигнати 32.000 апликации.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *