147
20 shares, 147 points

Porsche Taycan стартува со продажба в година како прв модел на спортската марка од Штутгарт којшто ќе вози на батерија

Porsche Mission E ја заврши мисијата успешно, во текот на следната година пристига серискиот автомобил којшто ќе го носи името Taycan. Завршен е само првиот дел од мисијата, затоа што Mission E всушност е име на проектот под когошто ќе се развиваат натамошни модели со погон на струја.

Значи, Porsche Taycan. Името има ориентално потекло и значи „темпераментно ждребе“. Тоа е истото ждребе што уште од 1952 година се наоѓа во логото на марката од Штутгарт. Во грбот на градот, исто така.

Електричната спортска лимузина ќе користи два електромотора со системска моќност од преку 600 КС. Спринтот до темпо сто ќе трае помалку од 3,5 секунди, а помалку од 12 секунди ќе бидат потребни и до 200 km/h.

Посебноста на погонската спрега на Taycan ќе биде во тоа што повеќе силни забрзувања едноподруго може да се изведуваат без опаѓање на моќноста. Според старата норма NEDC, досегот на лимузината со погон на сите тркала ќе изнесува над 500 километри.

Возилото располага со 800-волтна архитектура и со тоа е подготвено за мрежата од супербрзи полначи, на коишто енергија за 100 километри може да се наполни за околу четири минути.

Од планираните шест милијарди евра за електромобилноста, околу половина милијарда евра се наменети за развој на следните варијанти од Taycan, една милијарда е за електрификација на постоечките модели, додека на нови технологии, станици за полнење и услуги отпаѓаат околу 700 милиони евра. Преостанатите неколку стотини милиони евра ќе се потрошат во фабриките.

Во седиштето во Цуфенхаузен, во близина на Штутгарт, моментно се градат нова лакирница и сопствена хала за монтажа на Porsche Taycan.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
20 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *