за

Porsche бара уште 500 работници за електричниот Taycan

porsche taycan konkurs rabotnici
porsche taycan konkurs rabotnici

Porsche отвора 1.500 нови работни места за првиот спортски автомобил со погон на струја од Цуфенхаузен. Веќе се ангажирани околу илјада работници, во следните неколку месеци ќе се пополнуваат и преостанатите 500 места. Најголема потреба има од квалификувани електроничари.

Повеќе од 32.000 пријави се пристигнати за новите работни места во Цуфенхаузен. За спортската марка да гарантира висок квалитет на изработка, откако во септември ќе започне сериското производство на електричниот Taycan, околу 1.500 работници ќе минат обука во времетраење и до шест месеци. Дел од работниот персонал доаѓа од постоечката мрежа на Porsche, дел се нови работници.

Соодветно на производствениот концепт на Porsche Taycan, се бараат работници во вкупно 45 различни подрачја на квалификација

Во Porsche се направија од 2.200 интервјуа во 31 денови. Се бараат стручни работници со техничко образование и со голем интерес за автомобилската индустрија. Сите ново вработени нема да бидат ангажирани во производството на Taycan, туку дел од нив ќе се пренасочи и во производството на останатите модели.

Со електричниот погон се отвора потреба од нови профили на работници. Покрај тоа, поради сложеноста на процесите, дел од обуките ќе трааат и до шест месеци. Разработени се вкупно 350 програми за квалификација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seat leon eden milion

Seat Leon стана милионер

Lancia_Ypsilon_19

Lancia во Италија со поголема продажба од Alfa Romeo во цела Европа