Првиот Porsche на батерии не го пропушти Фестивалот на брзината во Гудвуд. Возачката ѕвезда Марк Вебер коментираше: „Неверојатно е колку моќно повлекува Taycan“
Porsche Taycan е на турнеја, во којашто за три недели ќе посети три континенти. Прототип на електричниот автомобил на Porsche имаше настап на Фестивалот на брзината во Гудвуд, со покрив како британското знаме и со Марк Вебер зад воланот.
Долгогодишниот пилот во формула 1 коментираше за возилото: „Неверојатно е колку моќно повлекува Taycan. Начинот на кој поаѓа Taycan и забрзувањето во секој момент се зачудувачки дури и за возач од највисок калибaр.“
Кина, Велика Британија и САД се трите пазари на кои се очекува најголема продажба на Porsche Taycan
Кинескиот возач Ли Чао имаше сеанса со електричниот Porsche во минатата седмица. Овој пилот во азискиот куп со Porsche Carrera извозе неколку кругови во центарот на спортската марка во Шангај. Следниот настап е на 13-ти и 14-ти јули, кога фабричкиот возач Нел јани ќе го вози Taycan во финалето на сезоната во формула Е во Њујорк.
Премиерата на електричниот автомобил е најавена за септември, а испораките ќе стартуваат пред крајот на годината. Со повеќе од 600 КС и погон на сите тркала, Taycan забрзува како тркачки автомобил, но поседува и досег колку автомобил со обичен погон. Техниката во возилото подржува користење брзи полначи за батеријата со капацитет од 90 kWh.