за

Porsche Taycan ќе добие кросовер-изведба

porsche taycan cross turismo maskiran
porsche taycan cross turismo maskiran

Porsche веќе го подготвува вториот електричен модел. Ловците на прототипи уловија неколку кадри од маскиран прототип од идниот Taycan Cross Turismo, очигледно пред неговото излегување од фабричкиот круг на Porsche. За разлика од претходно, на последните фотографии веќе може да се насети формата на каросеријата.

Честа (и финансиската подлога) за прв да ги објави фотографиите купени скапо од ловците на прототипи му припадна на англискиот Аутокар. Носот открива дека станува збор за Taycan, иако има неколку додатоци заради прикривање на вистинската форма. Taycan Cross Turismo почнува да се разликува од спортската лимузина веднаш по предните врати.

Двата модели се разликуваат слично како Panamera и Panamera Cross Turismo. Покривот е повеќе издолжен наназад и задното стакло е повеќе исправено, со цел да се обезбеди поголем и пофункционален багажник. На прототипот се забележуваат и кровни носачи, што укажува дека практичноста ќе биде испочитувана до крајни размери.

Пластичните додатоци на арките на крилата внесуваат нота на теренец. Можно е растојанието од подлогата исто така да биде зголемено во споредба со лимузинскиот Taycan, како што се забележува и од фотографиите. Спортската марка на Volkswagen го најави моделот уште на салонот во Женева пред две години, под името Mission E Cross Turismo.

Mission E Crand Turismo беше сосем конкретна најава за кросоверот во гамата на Taycan
New photo by Automedia MK / Google Photos

Како што понатаму наведува британскиот магазин Аутокар, Cross Turismo ќе добие преработено подвозје со нагласок на комфорот, заедно со способност за возење по терен, иако растојанието од подлогата сигурно ќе биде помало отколку кај Cayenne.

Погонските варијанти нема да се разликуваат од лимузината, што значи дека ќе има избор од верзија 4S со 530 КС, потоа верзија Turbo со 680 КС и топ-изведба Turbo S со 761 КС.

>>> Porsche Taycan ќе добие „основна“ верзија со заден погон

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името

Mercedes G-Class потсеќа кој го има теренот во името

Ford Mustang Mach-E со седум електромотори и над 1.400 КС

Ford Mustang Mach-E со седум електромотори и над 1.400 КС