за

Производството на електричниот Porsche Taycan ќе биде СО2-неутрално

porsche taycan блок термоцентрали

Porsche пушти во работа две нови блок-термоцентрали во седиштето во Штутгарт-Цуфенхаузен. Тоа е последниот чекор што води целото производство на електричниот Taycan да се одвива без вишок емисија на СО2. Блок-термоцентралите со моќност од по 2 мегавати произведуваат топлина и струја, а користат единствено биогас добиен од биолошки отпад и друг отпаден материјал.

Блок-термоцентралите го дополнуваат синџирот за снабдување со енергија, кој досега се состоеше од две постројки со погон на метан. Овие постројки во меѓувреме исто така се префрлија на биогас. Porsche планита во иднина да користи биоенергија од градската депонија за биолошки отпад, којашто ќе биде пуштена во 2021 година.

За разлика од обични електроцентрални, блок-термоцентралите се користат за паралелно производство на топлина и струја. Топлината што се ослободува при производството на струја се користи за греење. Според Porsche, степенот на ефикасност изнесува над 83 проценти. Околу 90% од прозиведената топлина ќе се користат за греење и топла вода во административните простории и во производствените хали.

Како да наместиш електричните автомобили да бидат валкани пред обичните

Porsche со воз до Кина за 20 дена, двапати побрзо од брод

Porsche Taycan дојде до фаза да си игра со снегот

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seat био метан отпад

Seat тестира погон со метан од отпадот од Барселона

Hyundai Ionic Hybrid i Plug-in Hybrid 2020

Хибридот на Hyundai налето стартува во освежено издание