за

Porsche отвори бутик-салон во градот на модата

Porsche Studio Milano

Спортски автомобили од најфина сорта, под ист покрив со производи за купувачи кои негуваат посебен животен стил. Тоа е понудата во бутик-салонот на Porsche во Милано

Автомобилите на Porsche не можат да бидат сами во продажен салон во престолнината на италијанската и европската мода. Во Милано, комплетната колекција од производи за купувачи со посебен животен стил на Porsche Design е изложена заедно со спортските автомобили на германската марка. Тоа е прв и единствен случај, два тотално различни видови на производи да бидат изложени заедно во Porsche Studio.

Локацијата на уникатниот салон дополнително ја нагласува врската со модата. Миланското студио на Porsche се наоѓа во историскиот центар на Милано, на „Via della Spiga“, среде прочуениот „кварт на модата“.

Салонот покрива површина од вкупно 400 метри квадратни. Покрај единственото возило што се изложува се наоѓа „Ѕидот на наследството“, на когошто се прикажуваат највпечатливите моменти од 70-годишната историја на Porsche. Купувачите доаѓаат да ја направат завршната конфигурација на возилото, да договорат тест возење, да склучат договор.

Посебно место во понудата од стилизирани производи на Porsche Design моментно има часовникот 1919 Datetimer 70Y Porsche Sports Car Limited Edition. Како што укажува и ознаката, часовникот е изработен во чест на 70-годишнината на Porsche. Цената на часовникот, исто така е Porsche.

[FAG id=33463]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jeep Wrangler Carabinieri

Италијанските карабиниери ќе возат Jeep Wrangler

Sean-Kiernan-Ford-Mustang-Bullitt

Мустангот од Булит ќе вози на Фестивалот на брзината во Гудвуд