за

Porsche со 1,3 мио. евра за германските клиники, активен и нашиот Порше

Porsche со 1,3 мио. евра за германските клиники, активен и „нашиот“ Порше
Porsche со 1,3 мио. евра за германските клиники, активен и „нашиот“ Порше

Производителот на спортски автомобили Porsche додели 1,3 милион евра на Клиниката Штутгарт, за набавка на медицински апарати и опрема. Порше Македонија исто така одржа акција за поддршка на медицинските установи во земјава.

Во рамките на „Porsche hilft“ (Порше помага), производителот на спортски автомобили од Штутгарт додели 1,3 милион евра на локалната клиника и на болницата Св. Марија. Средствата се планирани за набавка на 20 апарати за наркоза и 21 апарати за вештачко душење, преносен рентген, 30 перфузори (пумпи за дозирање) и повеќе од 100.000 заштитни маски со висок квалитет.

Составен дел од нашата култура на Porsche е да им се помага на другите“, изјави Андреас Хефнер, директор за персонал и социјални работи во Porsche AG. Меѓу опремата за клиниката Штутгарт спаѓа и LightCycler 480, лабораториски уред што помага преку земената генетска проба да се постави дијагноза за корона-вирус.

Порше Македонија на своите профили на социјалните мрежи вчера објави за акцијата на донирање основен медицински материјал, заштитни и хигиенски средства на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

Порше Македонија денес донираше есенцијален медицински материјал, заштитни и хигиенски средства на ЈЗУ Специјализирана…

Posted by Porsche Macedonia on Friday, April 24, 2020

Компанијата Порше Македонија за неполн месец реализираше неколку проекти, приспособени според вонредните услови на работа во пандемијата:

>> Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

>> Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Вашата безбедност е наш врвен приоритет. Добредојдовте во Порше Македонија.

Сите мерки за вашата безбедност се целосно имплементирани во нашите салони. Ве очекуваме.Вашиот Порше тим.

Posted by Porsche Macedonia on Saturday, April 25, 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ducati Panigale од 646 лего-коцки место од 220 КС

Ducati Panigale од 646 лего-коцки место од 220 КС

Повеќе грижа за велосипедисти во новите германски закони

Повеќе грижа за велосипедисти во новите германски закони