за

Porsche со сервисен повик за 60.000 автомобили

porsche macan

Инспекторите на германската централна служба за моторен сообраќај му испратија решение на Volkswagen, во коешто концернот се обврзува да спроведе сервисен повик за 60.000 автомобили од марката Porsche. Службата којашто е задолжена за сите работи околу моторниот сообраќај во Германија, од хомологација на нови модели до впишување негативни бодови за возачите, откри софтверска измама кај два модела на спортската марка.

Станува збор за Porsche Macan со трилитарски V6 дизел и Porsche Cayenne со осумцилиндарскиот дизел од 4,2 литри. Кај првиот модел е манипулирано со издувните гасови кај 53.000 примероци, додека од поскапиот модел се погодени 6.800 примероци.

Според германското министерство за сообраќај, „поради вградените уреди може да се појави зголемена емисија на азотни оксиди за време на возењето.“ Двата модела ја исполнуваат класата на издувни гасови Еуро 6.

Инспекторите откриле пет уреди за манипулирање со издувните гасови кај Porsche Macan

Инспекторите на службата за моторен сообраќај откриле пет недозволени уреди кај Porsche Macan, коишто овозможуваат системот за пречистување на издувните гасови да постигнува дозволени вредности за штетните материи само кога возилото е ставено на тестирање на пробни валци. Тоа не е случај при нормално возење.

Државните функционери искажуваат силно негодување поради користениот број на уреди за манипулирање со издувните гасови, исто како и поради фактот што пред две години веќе беше спроведен сервисен повик за Porsche Macan, со цел да се коригираат вредностите на издувните гасови.

Поради скандалот со издувните гасови, Porsche во моментов не нуди модели со дизел мотор, а воведување на такви модели не се планира ниту до крајот на годинава

Пред две недели концернот мораше да објави сервисен повик заради откриените илегални уреди за манипулација со издувните гасови кај моделите Audi A6 и Audi A7. Купувачите на овие модели добиваат таканаречена еколошка премија во висина до 10.000 евра, во случај на одјавување на старите дизели и нивно испраќање во отпад – или во регионов.

Станува збор за различни политички струи. Едната страна работи во корист на производителите на автомобили, со цел да им овозможи евтино и едноставно исполнување на строгите норми за квалитет на издувните гасови – што кусо се нарекува манипулација, додека втората страна постапува во интерес на животната средина и се залага производителите на автомобили да вградуваат поефикасна и соодевтно поскапа техника за пречистување на штетните материи. ЕУ во меѓувреме подготвува санкции против Германија и уште десетина членки, поради лошиот квалитет на воздухот во преку 80 германски градови и непреземањето мерки за подобрување на истиот.

Хамбург прв германски град со забрана за дизел

И дизелите на германските функционери ќе добијат забрана за возење?

Suzuki се збогува со дизел моторите

Daimler со редовни донации за германските партии

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

викторија лоба мерцедес а-класа

Викторија Лоба во реклама од А-Класа за Мерцедес

volvo заменува пластика

Volvo укинува пластика и во канцелариите