158
21 shares, 158 points

Porsche воведува револуција во спортските седишта. Со примена на 3D-печатење се добива сосем нов вид на исполнување на седиштето. Клиентите во иднина ќе можат да нарачаат дали седиштето да биде тврдо, средно или меко. Идејата потекнува од мотоспортот, кадешто Porsche отсекогаш бил активен и од кадешто пристигаат бројни иновации.

Според Михаел Штајнер, шеф за истражување и развој во Цуфенхаузен, „седиштето е спојот меѓу човекот и возилото и со тоа е важно за прецизна и спортска управливост. Поради тоа, во тркачките возила веќе долго време се вообичаени школкасти седишта што се изработени точно според возачот.“ Новото седиште со 3D-технологија е можност возачите во секојдневието да доживеа искуство како во мотоспортот.

Засега станува збор за прототип што се води како „3D-Druck Bodyform Vollschalensitz“. Како база се користи екстра лесната изведба на школкастото седиште на Porsche, со сендвич-конструкција. Основата е изработена од експандиран полипропилен (EPP), врз когошто е залепен комфорен слој од материјали на база на полиуретан, кој воедно овозможува и вентилација – токму овој слој е изработен со 3D-печатење.

Покрај врвната ергономија, седиштето на Porsche се одликува со единствен дизајн, пониска тежина, подобар комфор и пасивна климатизација

Надворешната обвивка се состои од „Racetex“. Таа е посебно перфорирана и тоа служи како климатизација. Преку проѕирните делови се гледа необичната решеткаста структура добиена со 3D-печатење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Porsche ќе го понуди возачкото седиште како опција уште во мај годинава, под името „3D-Druck Bodyform Vollschalensitz“, за вградување во моделските серии 911 и 718. За почеток ќе бидат изработени само 40 прототипи за тркачки возила, во комбинација со ремен со 6 точки. Сериската верзија на седиштето ќе биде достапна од средината на следната година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *