143
19 shares, 143 points

Големиот акционер во концернот Volkswagen, холдингот Porsche SE, во првите девет месеци ја зголемил заработката за една третина, на повеќе од 3,5 милијарди евра. За овој резултат најмногу придонесе добриот економски биланс во концернот.

Зголемената заработка на Volkswagen му донесе и повеќе пари на Porsche SE. Во првите девет месеци, холдингот од Штутгарт постигна чиста заработка во висина од 3,52 милијарди евра. Тоа е за близу една третина повеќе од истиот период лани. Компанијата очекува да ја заврши годинава со заработка меѓу 3,4 и 4,4 милијарди евра. Porsche SE во цела 2018 година заработе 3,5 милијарди евра.

Холдингот е најголем акционер во концернот Volkswagen и држи 53 проценти од правата на глас. Porsche SE повторно го зголеми својот удел во почетокот на годинава, за што инвестираше околу 400 милиони евра. Нивниот бизнис и натаму зависи речиси исклучиво од деловните резултати во Volkswagen.

Porsche SE е резличен деловен субјект од австрискиот Porsche Holding и производителот на автомобили Porsche AG

Porsche SE практично е произлезен од акциите на фамилиите Порше и Пиех, и претставува посебен деловен субјект од австрискиот Porsche Holding, како и од самиот производител на автомобили Porsche AG, коишто се составен дел од концернот Volkswagen.

Вториот, значително помал дел од Porsche SE е бизнисот со софтвер за логистика и сообраќај, кој во најголем дел произлегува од фирмата PTV од Карлсруе, што беше преземена во 2017 година. Овој огранок и натаму му носи загуба на холдингот, иако расте прометот, но минусот е намален во споредба со лани.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *