за

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар

porsche macan 20

Porsche вози по лентата за престигнување и со 63.500 возила во првото тромесечје продаде за 6% повеќе возила отколку во истиот период лани. Спортската марка годинава го има најуспешниот прв квартал во историјата. Менаџментот не ги толкува рекордните продажби толку еуфорично и очекува годинава да ја заврши со слични резулати како лани.

Најмногу напредува Panamera, чијашто продажба пораснала двојно. Новата генерација на спортската лимузина се појави лани и досега има стартувано на сите пазарни региони во светот. Три од секои пет продадени примероци од Panamera на европскиот пазар имаат хибриден погон.

Секој трет продаден Porsche е Macan, матичниот 911 не се продава ниту половина колку теренецот

Најпродаван модел е Macan, кој за три месеци има постигнато повеќе од 23.000 продажби на светскиот пазар. Секој трет продаден автомобил на Porsche е Macan. Матичниот модел на марката од Цуфенаузен, Porsche 911, наскоро ќе стартува во новата моделска генерација. И покрај тоа, 911 се држи добро со 9.600 продадени примероци и раст од 35 проценти.

Меѓу регионите, главен е американскиот пазар, кадешто Porsche постигна зголемување од 10 проценти и покрај неповолната ситуација за концернот Volkswagen. Во Европа и на домашниот пазар, спортската марка напредуваше со раст од по осум проценти. Единствено заостанува кинескиот пазар, кадешто продажбата се зголемила за само три проценти, со вкупно 18.672 испорачани возила до март.

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

Швајцарец е заслужен за првите нарачки од Porsche пред 70 години

Идниот Bentley Flying Spur на платформа од Porsche Panamera

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили

Купувачите на Porsche Panamera преферираат хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla avtopilot video

Возач на Tesla докажува: Автопилотот е виновен за кобната незгода

Еуроимпекс МОБ

Еуроимпекс и МОБ во соработка за 46-те Мајски Оперски Вечери