145
19 shares, 145 points

Porsche продава трипати повеќе автомобили отколку пред десет години. Спортската марка лани испорачала 280.800 возила, постигнувајќи раст од 10 проценти.

Porsche лани имал уште една рекордна година. Германската спортска марка во 2019 година испорачала 280.800 возила на свои клиенти ширум светот. Тоа е за десет проценти повеќе отколку преклани. Најголем напредок во продажбата постигнале моделските серии Cayenne и Macan.

Од големиот СУВ биле испорачани 92.055 примероци, за близу една третина (+29%) повеќе отколку во 2018 година. Актуелниот модел стартуваше со продажба во сите светски региони лани, а од неодамна е достапен и како плагин-хибрид. Пролетоска во моделското семејство се придружи и купе-изведбата Cayenne Coupe, со уште поголем нагласок на спортскиот карактер.

Macan за малку не надминал стоилјадна продажба и со 99.944 возила постигнал раст од 16 проценти. Детлев фон Платен, директор за продажба на Porsche AG, за годинава очекува повторно зголемување на продажбата, меѓу другото благодарение на неколку нови модели и на полните книги со нарачки за електричниот Taycan.

Продажбата на Porsche напредувала најмногу во Германија и на севкупниот европски пазар

Најголемиот раст во продажбата е постигнат на домашниот пазар, со +16 проценти. Во Германија биле испорачани 31.618 возила од вкупната продукција, додека на целиот европски пазар биле дистрибуирани 88.975 возила.

Пораснале и двата најголеми пазари за спортската марка. Во Кина се продадени 86.752 возила (+8%), а истиот раст бил постигнат и на пазарот во САД, кадешто 61.568 возачки и возачи седнале зад воланот на нов Porsche. Ова претставува важно достигнување за марката, затоа што постигнала раст на двата пазари што бележеа голем пад во минатата година.

Продажба на PORSCHE AG

2018

Разлика

Свет

256.255

10 %

Европа

77.216

15 %

Германија

27.541

15 %

Америка

70.461

7 %

САД

57.202

8 %

Азија и Пацифик, Африка и Близок Исток

108.578

7 %

Кина

80.108

8 %

View this post on Instagram

Porsche & Aimé Leon Dore. Coming 2020.

A post shared by Porsche (@porsche) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *