за

Porsche Panamera GTS како меѓустепен со 460 КС

Porsche Panamera GTS

Во Porsche нема нивоа на опрема, туку има нивоа на моќност и брзина. Актуелната „лимузина“ има ново ниво: Porsche Panamera GTS со 460 КС, гласен издув и цврсто подвозје

Sport Turismo, со четирилитарски V8 со 460 КС и 620 њутнметри. На тоа следуваат трикоморна воздушна амортизација со нагласок на динамика, неколку впечатливи белези во дизајнот и вредна опрема. За сите моделски изведби на Panamera отсега е достапен и проекциски дисплеј со повеќе можности за конфигурирање.

Porsche Panamera GTS 1

Во споредба со претходникот, новиот GTS е посилен за 20 КС и има за 100 Nm повисок вртежен момент. Спортскиот издув следи како стандард, исто како и пакетот Sport Chrono. Спринтот со темпо сто трае 4,1 секунди, крајната брзина изнесува 292, односно 289 km/h (кај ЅТ). За преносот на сила до погонот на сите тркала е задолжен осумстепен менувач со двојна спојка. Вредноста за просечната потрошувачка од 10,3 литри уште важи според старата норма NEDC.

Porsche Panamera GTS со спуштено подвозје, спортски издув и бандажи од 20 инчи

Со спортското подвозје што е спуштено за 10 mm доаѓаат и поголеми сопирачки дискови: 390 mm напред, 365 mm назад. Верзиите GTS се распознаваат по црните завршетоци на предниот и задниот браник, како и по бандажите од 20 инчи. Главниот печат во кабината го става црната алкантара, во комбинација со елоксиран алуминиум.

Porsche Panamera GTS 2

Како што е вообичаено кај марката од Цуфенхаузен, ознаката GTS има богата историја. Првиот Gran Turismo Sport e Porsche 904 Carrera GTS од 1963 година, кој овозможи техника од мотоспортот да се добие во автомобил за редовен сообраќај. Во 1980-те и 1990-те години се појавуваат 924 GTS и 928 GTS.

Традицијата ја продолжува Cayenne GTS во 2007 година, за четири години подоцна да следи првата генерација на Panamera GTS. Цената за Panamera GTS на германскиот пазар изнесува 138.493 евра, „комбито“ Panamera GTS Sport Turismo чини 141.349 евра.

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии

Porsche отвори бутик-салон во градот на модата

Тајкун, Таркан, Тајкан: Електричниот Porsche доби име

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Polestar sediste Geteborg

Во оваа зграда се создава шведската електромарка Polestar

инструктор по возење пијан германија

Инструктор фатен пијан на часови за возење во Германија