за

Porsche Panamera пречекана како национален херој

Синоќа во Берлин се одржа светската премиера на Porsche Panamera. Претставена во спектакуларна сценографија, воопшто не зачудува тоа што автонацијата ги пречекува своите најважни автомобили како национални херои.

Во спектакуларна сценографија од светлосни ефекти, музика и кореографија, Porsche синоќа ја прославуваше светската премиера на новата Panamera во Берлин. Повеќе од 300 претставници од медиумите, политиката, економијата, спортот и од јавната сцена, за првпат можеа да ја доживеат комплетно новата генерација на спортската лимузина на Porsche. Исто како кај првата генерација, Panamera спојува перформанси на спортски автомобил, со комфор на луксузна лимузина.

porsche panamera premiera 2

Од почетокот на моделската серија се продадоа над 150.000 примероци од Panamera и оттука е сосема јасно дека сегментот на луксузните спортски лимузини буквално му припаѓа на моделот на Porsche. Новата Panamera ќе се произведува целосно во фабриката во Лајпциг, кадешто дополнително се инвестирани половина милијарда евра, вклучувајќи и нов погон за изработка на каросерии.

Дизајнерските белези на 911 повеќе се забележливи во новата Panamera

Дизајнерскиот говор на новата Panamera повеќе се потпира на стилот на Porsche 911, со подинамична силуета и со повеќе дизајнерски елементи што се преземени од спортската икона. „Купеовската линија на покривот се забележува веднаш, но истата сега е многу побрза, подинамична и во спој со графика на страничните прозорци којашто дополнително ја нагласува страничната силуета на купе,“ објасни Михаел Мауер, шеф на одделението за дизајн.

Новата Panamera уште на прв поглед се препознава како Panamera. Но, исто така, на прв поглед се препознава и како новата Panamera. Силните страни се потенцирани, слабостите се отстранети и пред се сочувен е карактерот

Михаел Блуме, шеф за дизајн на Porsche

Новите мотори со битурбо-натполнење се посилни и до 16 проценти поштедливи, меѓу другото благодарение на новиот осумстепен менувач со двојна спојка PDK II. Продажбата на Panamera ќе стартува во ноември, со избор од три мотори и исклучиво со погон на сите тркала. Топ модел е Panamera Turbo со 550 КС, златната средина е за Panamera 4S со 440 КС, додека 4S Diesel „штеди“ со 422 КС.

За уште поголем дијапазон меѓу комфорно и спортско возење, новата Panamera располага со трикоморна пневматска амортизација, управување на задната оска и електронска контрола на подвозјето 4D Chassis Control. На тоа следува и цела низа од напредни системи за асистенција.

Револуционерен чекор во ракувањето во кокпитот на новата Panamera

Голем чекор напред е постигнат во ракувањето со кокпитот и со прикажувањето на информациите за возачот. Новиот Porsche Advanced Cockpit го следи принципот на ракување со паметен телефон, вклучувајќи и можности за слободно конфигурирање на LED-дисплеите. Проширен е и спектарот на можности за поврзување на новиот Porsche Communication Management (PCM 4.1), со интелигентни дигитални функции и пристап до услуги преку интернет.

[FAG id=24964]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европа има над половина милион електрични возила по патиштата

Toyota C-HR: Вака изгледа внатрешноста на новиот противник на Nissan Juke