за

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид

Porsche Mission E Cross Turismo

Електричните и плагин-хибридните автомобили ќе учествуваат со една четвртина во продажбата на Porsche во 2025 година. Сепак ќе минат уште многу години додека матичниот модел Porsche 911 добие верзија што ќе вози само на батерии.

Шефот Оливер Блуме потврди дека Porsche 911 ќе се нуди и во верзија со плагин-хибриден погон, но не и во „батериска“ верзија. Кога во текот на годинава ќе стартува новата генерација на Porsche 911, под фабричката ознака 992, матичниот модел на спортската марка од Цуфенхаузен сепак нема да биде достапен во хибридна верзија.

audi e-tron gt
Audi веќе го најави и следниот електричен модел по теренецот e-tron, тоа ќе биде купе-лимузината e-tron GT

Иако во каросериската структура на новото купе е предвиден простор за батерија, Блуме ќе ја одложи „премиерата“ на хибридниот погон за уште неколку години. Тоа ќе се случи дури при моделското освежување на „992“, кога шефот очекува батериската техника да го достигне следниот еволутивен степен.

Се размислува и за чисто електрична верзија од 718 Boxster / Cayman, но и тука нема конкретни најави. Оваа моделска серија стартуваше пред само две години, така што е прерано да се решава во која насока ќе се развива следната генерација.

Полнење енергија за 100 километри возење за само четири минути – само при користење на полначите од сопствениот развој на Porsche

Засега е сигурен единствено пазарниот старт на првиот модел на Porsche со погон на струја. Спортската лимузина Mission E ќе се појави на пазарот в година. Последниот детал околу техниката се однесува на 800-волтната електрична архитектура на возилото, којашто ќе овозможи батериите да наполнат енергија за 100 километри за само четири минути.

Податокот сепак важи само при користење на супермоќните полначи што ги има развиено Porsche. Техниката веќе се докажа кај тркачкиот прототип за Леман, Porsche 919 Hybrid. Во 2021 година ќе следи и кросовер верзија од Mission E, комби-купе каросерија, со зголемен клиренс и детали во стил на теренец.

Една платформа готова, уште две платформи за електрични автомобили во развој

Porsche развива заедничка платформа за електрични автомобили со Audi. Засега нема конкретна потврда за модел што ќе ја користи новата платформа PPE, но можно е дека таа ќе се примени веќе кај следната генерација на Macan. Овој модел моментно користи модифицирана верзија од Audi Q5. На подолг рок, Porsche самостојно развива трета платформа за електричен погон, којашто ќе ја користат Lamborghini и Audi.

Од архивите на Automedia: Ова е Porsche 989, претходникот на Panamera 

Моделите на Porsche со дизел мотор моментно паузираат. Шефот Блуме би сакал дизелите да се вратат во понудата на спортската марка, но крајниот збор го имаат купувачите. Околу три петини од купувачите на Panamera во ЕУ ги избираат варијантите со плагин-хибриден погон. Имајќи го тоа во предвид, купувачите веќе го имаат кажано својот збор.

Швајцарец е заслужен за првите нарачки од Porsche пред 70 години

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили

Купувачите на Porsche Panamera преферираат хибриден погон

Стари легенди добиваат нова младост со електричен погон

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

man etge najava електрични доставни возила

Електричното комбе MAN eTGE стартува во јули

mercedes-amg gt r bezbedosen auto f1

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1