за

Porsche, трите милиони пчели и турбо-медот

Porsche мед, Porsche Turbienchen

Почнува новата сезона за педесетте пчелни семејства околу фабриката на Porsche во Лајпцих. Покрај вообичаените автомобилски работи, во локалната продавница може да се купи тегла мед под името Турбинхен. Турбо пчели.

Porsche произведува автомобили, дава инженерски услуги, создава дизајн и одгледува пчели. Фабрички двор обично не е средина во којашто опстојуваат овие чувствителни инсекти, но практикава на спортската марка го докажува спротивното.

Се цени дека на просторот околу фабриката се наоѓаат околу три милиони пчели. Малку загрижувачки бројки, не само за Германија: Половината од 560-те видови пчели таму се загрозени од изумирање, а според пчеларскиот сојуз, бројот на пчелни семејства се смалил од 2,5 милиони во 1952 на помалку од еден милион денес.

„Турбинхен“ од фабриката во Лајпцих е Porsche 911 Turbo меѓу медовите

Во фабриката на Porsche во Лајпцих, од кадешто излегуваагт Panamera и Macan, веќе е собран првиот сезонава. Околу 1,4 тон мед потекнува од акација, липа и капина. Бројот на пчелни семејства во меѓувреме е удвоен, на 50. Во продавницата за клиенти и фанови на Porsche се продава пролетен мед под името Turbienchen или „турбинхен“, кованица од турбо и пчеличка.

Светскиот ден на пчелите е утре, на 20-ти мај. Во подрачјето кадешто е изведена патека за теренско возење околу фабриката на Porsche, на површина од 132 хектари расте акација, липа, глог, диво овоштие. Porsche Turbienchen има и соодветен сертификат за органски мед.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Додека овој Nissan вози, возачот може само да гледа пред себе

Макпетрол бензинска станица Куманово

Макпетрол ја отвори обновената станица за гориво во Куманово