за

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

Porsche kamion MAN eTGM Cufenhauzen

Porsche буквално го приклучи електричниот камион на MAN во логистиката на фабриката во Цуфенхаузен.

Електричен камион MAN eTGM отсега доставува делови и материјали за фабриката на Porsche во Цуфенхаузен. Оваа фабрика во предградието на Штутгарт моментно се подготвува за стартот на сериското производство на првиот електричен автомобил на Porsche.

Цел на производителот на спортски автомобили е фабриката да не ја оптоварува животната средина со дополнителна емисија на СО2. Во производството во Porsche веќе две години се користи исклучиво електрична енергија од обновливи извори. Железничкиот транспорт од фабриката исто така се одвива исклучиво со „природна струја“. Електричниот погон се воведува масовно и во возилата во логистичкиот синџир, односно во камионите, вилушкарите и останатите возила.

Камионот што се движи на струја е MAN eTGM 18.360 4×2 LL. Од ознаката произлегува дека тој спаѓа во категоријата на влекачи со тежина до 18 тони, кој заедно со полуприколката смее да тежи до 32 тони. Бројката 360 е за коњските сили. Енергијата се испорачува од литиум-јон батерија со капацитет од 149 киловатчасови. Тоа е доволно за досег до 130 километри со едно полнење.

https://www.instagram.com/p/BrXszm7lJDe/

Примената на електричниот камион во логистиката на Porsche ќе му обезбеди вредни искуства на MAN, кој планира малосериско прозиводство на eTGM веќе в година. Предности од електричниот погон во тешкиот транспорт, покрај неутралноста во поглед на билансот на СО2 и речиси безшумната работа, се драстично намаленото амортизирање и потребата од сервисирање на возилото. Тоа се подрачја кои се решавачки во патниот превоз на стока.

Тоа што кај обичните сопирачки се претвора во топлина и се губи бескорисно, кај елекричниот камион на MAN се претвора во електрична енергија

Уште една предност е масивниот ефект од рекуперацијата, односно повратокот на енергијата што се ослободува при сопирање и запирање на тешките возила. Како груба илустрација, тоа што кај обичните сопирачки се претвора во екстремна топлина и се ослободува бескорисно, кај електричните камиони се користи за полнење на батериите.

MAN eTGM ќе сообраќа на растојание од 19 километри, меѓу магацините на партнерот LGI во Фрајберг на Некар и фабриката на Porsche во Цуфенхаузен. Примената на електричен камион ќе ја растоварува животната средина од 30.000 килограми СО2 на годишно ниво.

Во Фрајберг се наоѓа полнач од новата мрежа за супербрзо полнење, којс што Porsche јс развива како дел од конзорциумот Ionity. Со моќност на полнење до 150 киловатчасови, енергија за 100 километри пат се полни во батеријата за околу 45 минути.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda новогодишни подароци

Вакви новогодишни подароци сакаат автомобилистите

Mitsubishi L200 nov

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји