за

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома
Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Уште една пионерска услуга на Порше Македонија во вонредните услови на живеење и делување поради пандемијата. Заради заштита на своите клиенти од непотребни изложувања во јавноста, компанијата воведе услуга за преземање на возилата за сервисирање директно од домот.

Продолжува вообичаената раздвиженост во Порше Македонија, но овојпат вклучувајќи и дополнителни активности, како заштитни мерки во борбата против Ковид-19. Откако вчера компанијата стартуваше со посебен бонус од 1.000 евра, за онлајн-купување на возилата на лагер од марките Volkswagen, Skoda, Audi, Seat и VW Комерцијални возила, под договор за лизинг со Порше Лизинг, денес веќе следи уште еден чекор во истата насока.

Професионални сервисни техничари што се дел од работниот персонал на „Порше“, го преземаат возилото од домот и го носат за потребното редовно одржување или евентуално поправка во сервисниот центар за конкретната марка.

По извршеното сервисирање се врши целосно дезинфицирање на возилото, според специјалните директивите за заштита што во меѓувреме ги имаат пропишано марките на концернот Volkswagen. На крај, возилото измиено се враќа до истото место од коешто е преземено.

За сето тоа време, сопственичката или сопственикот на возилото, останува во комоцијата и безбедноста на домот, со таа разлика што повеќе не мора да се грижат околу редовното одржување и сервисирање на својот автомобил.

Секако дека претходно е неопходно да се резервира термин за сервисирање – онлајн. Тоа е иновацијата во подрачјето коешто концернот Volkswagen го најавува долго време, во делот на екстра услуги на мобилност. Вонредните услови поради пандемијата од Ковид-19, направија предностите на овие услуги да ги пречекаме и дочекаме во период што сите сакаме да го надминеме што поскоро.

https://www.volkswagen.com.mk/servis/akcii-i-ponudi/servis-od-doma

https://www.skoda.com.mk/servis-i-delovi/servis-od-doma

https://www.audi.mk/servis/akcii-soveti/servis-od-doma

https://www.seat.mk/servis/servis-od-doma

https://www.vw-komercijalnivozila.com.mk/servis/akcii-i-ponudi/servis-od-doma

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai фабрика чешка ношовице

Фабриката на Hyundai во Чешка останува во мирување

tesla cybertruck tovarna platforma

Австралија е уште еден голем пазар за пикапот на Tesla