за

Porsche Macan GTS: Спортски автомобил меѓу теренците

Со кратенката GTS, во моделите на Porsche следуваат неколку КС повеќе, заедно со финеси во дизајнот. Досега имаше девет модели GTS во понудата на Porsche, Macan е десеттиот.

Маркетиншките стратези во Porsche добро си ја разбираат работата. Ниту една друга марка нема толкава разновидност на моделските изведби како што има специјалистот за спортски автомобили од Цуфенхаузен. Само од Porsche 911, на пример, постојат дури 20 различни варијанти.

Macan е на пазарот повеќе од една и пол година, и во споредба со останатитe модели речиси е солист. Постојат само три модели, Macan S во бензинска и дизел верзија и Turbo со 400 КС. Оваа бројка веќе почнува да се наголемува. На купувачите не смее да им стане здодевно и мора постојано да се привлекува нивното внимание. Кратенката GTS е добра формула за таа цел. Gran Turismo Sport има традиција во Porsche. Досега постојат девет модели со овие букви на задниот капак.

P15_0947GTS за Gran Turismo Sport

Macan е десеттиот. Изгледот му е толку дотеран што и оние кои не поседуваат Macan ќе препознаат дека станува збор за нова моделска изведба. GTS се разликува најмногу по црната боја што се провлекува по бандажите, украсните лајсни, издувните цевки и натписите, но и во предните и задните светла. Само најстручните ќе препознаат дека и каросеријата стои пониско, на 15 милиметри поблиску до асфалтот од обичните верзии. Тие, пак, што ќе ѕирнат и зад бандажите од 20 инчи ќе ги препознаат сопирачките од Macan Turbo.

Подвозјето е преработено во детали, заради уште поголема динамика и управливост. Трилитарскиот бензинец со шест цилиндри доби 20 КС повеќе од Macan S, што значи дека во GTS располага со 360 КС. Спринтот до сто трае 4,2 секунди, крајната брзина изнесува 256 km/h.

Porsche го надоместува заостатокот во системите за комуникација

Porsche го искористи воведувањето на GTS да воведе неколку промени и во сите останати модели во гамата на Macan. Системот за комуникација PCM 4.0, кој дебитираше со фејслифтот на 911 Carrera, сега се добива и во спортскиот теренец. Целта е да се достигне конкуренцијата, којашто во овој поглед напредуваше значително. Porsche Communication Management опфаќа интернет навигација, поврзување со паметен телефон, бежична мрежа, говорни команди, внесување наредби преку пишување со прст и гестикулација, сензор за близина и Google Earth и Street View.

Покрај сето ова мора да се смета и на екстра цена. Испораката на Macan GTS стартува во јануари, цената е околу 75.000 евра.

P15_0945

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На овој возач на LaFerrari не му лежи Ferrari

Германија ги проверува дизелите од странските автопроизводители