118
24 shares, 118 points

Со повеќе од 350.000 продадени примероци за четири години, од кои преку сто илјади само во Кина, Porsche Macan привлекува повеќе купувачи од било кој друг модел од Цуфенхаузен.

Porsche Macan досега мина четири години на пазарот и постигна многу за својата марка. Од секои десет продадени возила со знакот на Porsche, дури четири се Macan. За овој СУВ-модел на база на претходната генерација на Audi Q5 да ја задржи популарноста меѓу купувачите, спортската марка се погрижи да му даде свежа нота на Macan. Моделот ја дожиева својата светска премиера во Кина.

Промените во новото моделско годиште се поделени во четири групи, односно во дизајнот, комфорот, поврзувањето и во возните својства. Најмали промени има токму во изгледот. Повпечатливи надворешни обележја на новакот се сменетата форма на отворите за воздух напред и светлосната лента по целата ширина на опашот, со натписот Porsche врз лентата.

Отсега како стандард во Porsche Macan: Системот за асистенција при застој на пат поаѓа, запира и управува самостојно

Во сите светла се користи диодна техника. Внатре се вградува дисплеј на допир со пречник од 11 инчи, а навигација со интернет пристап следи стандардно. Меѓу системите за асистенција е новитет системот при застој на патот, којшто самостојно поаѓа, управува и запира во колона, до 60 km/h.

„Новитетот“ под хаубата можеше да се претпостави. Освеженото моделско годиште на Porsche Macan повеќе не се нуди со дизел мотор. Понудата се состои од три бензинци, со моќност меѓу 245 и 440 КС.

Во кокпитот на Macan како да се спојуваат двата спротивни краеви во моделската понуда на Porsche. Од „911“ потекнува спортскиот волан кој се добива со доплата, заедно со вртлив прекинувач за бирање на возните режими. По желба, воланот може да биде обложен со алкантара, место со кожа.

Porsche Macan fl 1

Наспроти тоа, од големите модели Panamera и Cayenne пристига новиот инфо-забавен систем. Арматурната табла мораше да претрпи неколку промени за да се ослободи простор за дисплејот од 11 инчи.

Како надградба за сериските диодни светла може да се избере таканаречениот систем за динамично осветлување, кој ја распределува светлината зависно од условите. За дополнителна доза комфор може да се нарачаат грејачи во ветробранот или јонизатор, кој го подобрува воздухот во кабината.

Четири нови каросериски бои и нови дизајни на бандажите

Заедно со фејслифтот пристигаат и четири нови бои: Мајами сина, мамба зелена металик, доломит сребрена металик и креда. Има и бандажи со нов дизајн, со пречник до 21 инч.

Подвозјето исто така претрпе неколку промени, со цел да се постигне повисок комфор и понеутрален карактер, без притоа да се жртвуваат врвните возни својства. Останува комбинацијата со различни димензии на гуми на двете оски, но Macan се испорачува со нови гуми, коишто би требало да ја подобрат стабилноста во свијоци.

Porsche Macan fl 3

Новитет во подрачјето на конективноста е апликацијата „Offroad Precision“, со којашто може да се снимат возењата по терен и подоцна да се анализираат.

Четирицилиндарецот во основниот модел останува. Macan е првиот модел со четири цилиндри по Porsche 968. Дволитарецот сега располага со 245 КС, што е седум КС помалку, но затоа поседува филтер за честички, како услов за исполнување на нормата Euro 6d-Temp.

Двата шестцилиндарци се преземени од Panamera. Во Macan S работи трилитарски турбо со 354 КС, додека во Macan Turbo со 440 КС работи 2,9-литарски битурбо, во замена за стариот 3,6-литарец со 400 КС. Верзијата GTS веројатно ќе следи подоцна.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

118
24 shares, 118 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743