149
44 shares, 149 points

Електричниот бран појде и ништо не го сопира, ниту досегот. Нова генерација супербрзи полначи за само три минути полнење испорачуваат енергија за 100 километри пат. Porsche е дел од овој проект кој ветува непречен пробив на електричните автомобили

Полнењето на батериите на електричните автомобили наскоро ќе трае исто колку што денес трае полнењето гориво. Тоа го ветува проектот FastCharge, каде што учествува Porsche. Во средата, во германскиот град Јетинген-Шепах, меѓу Улм и Аугсбург, започна со работа прототипот на полнач со моќност до 450 киловати.

Тест-возило на Porsche со батерија со капацитет од 90 киловатчасови постигна моќ на полнење од преку 400 kW, овозможувајќи полнењето за првите 100 километри досег да трае помалку од три минути. Новата станица за полнење е наменета за електричните модели од сите марки, коишто користат Тип 2 на системот за полнење CCS, кој е вообичаен во Европа. Полначот веќе работи и се користи бесплатно.

Брзите полначи се инвестиција на Германското министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура

Проектот FastCharge започна во јуни 2016 година, како инвестиција на Германското министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура, вредна 7,8 милиони евра. Во индустрискиот конзорциум спаѓа и групацијата BMW, Siemens AG и уште неколку големи компании.

Porsche superbrzi polnaci start tabla

Станицата со супербрзи полначи е достапна за користење за електричните возила што циркулираат меѓу германските градови Улм и Аугсбург, бесплатно

Со зголемувањето на моќта на полнење до 450 киловати значително се скусува времетраењето на полнењето. Моќта на новите супербрзи полначи е три до деветпати повисока отколку досегашните станици за полнење со еднонасочна струја. Тест-возилото на Porsche прво во светот постигнува почетна моќност на полнење од 400 киловати. Тоа го овозможува нов вид на систем за ладење, кој одржува константна температура на батериските ќелии.
Porsche Taycan

Porsche до 2022 година ќе инвестира повеќе од шест милијарди евра во електричниот погон, вклучувајќи чисто електрични возила и плагин-хибриди. Половина милијарда евра се планирани само за дополнителните варијанти и деривати од Taycan, една милијарда е наменета за електрификација на погонската спрега на постоечката понуда од модели, неколку милиони евра одат за изградба на производствени погони, а 700 милиони евра во нови технологии, мрежа од полначи и во интелигентна мобилност.

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

Porsche Panamera GTS како меѓустепен со 460 КС

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
44 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format