130
18 shares, 130 points

Porsche во неколку германски градови нуди можност да се изнајми автомобил од марката во времетраење до 28 денови. Услугата се води како Porsche Drive, отсега е достапна и во Хамбург, популарноста расте.

Porsche Drive станува мошне популарна можност да се вози автомобил од спортската марка, но само во ограничен период. Хамбург е четврта локација во Германија каде што е достапна новата услуга, по Штутгарт, Берлин и островот Силт. Во рамките на оваа услуга, актуелните модели на Porsche може да се изнајмат надолго до 28 денови. Во возниот парк влегуваат моделските изведби на кои спортската марка е особено горда, вклучувајќи ја и новата генерација на Porsche 911.

Александер Полих, директор на Porsche за Германија, „за многумина клиенти и заинтересирани купувачи, а особено за помладите, класичното купување автомобили или лизингот повеќе не е единственото решение, во метрополите како Хамбург.“ Според Полих, „изнајмувањето може да се изведе во мошне флексибилни рамки.“

Porsche Drive е тоа што производителите го нудат сé погласно под „услуги за мобилност“

Новата услуга на Porsche претставува излегување во пресрет на сменетите барања на клиентите, како и на трендот на дигитализација и индивидуален избор. Porsche Drive стартуваше во 2014 година и беше достапен само во музејот на марката во Штутгарт. Во меѓувреме, изнајмувањето на кус период е достапно и кај одредени дилери во Франција, Швајцарија и САД.

View this post on Instagram

Porsche 911 GT2 RS #911GT2RS #GT2RS #PTSRS #Rennsport

A post shared by porsche.sport (@porsche.sport.germany) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
18 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *