153
42 shares, 153 points

Дизелот можеби го доби завршниот удар, откако Porsche потврди дека ќе престане да го нуди во своите модели. Покрај силното влијание на името Porsche врз целата бранша, ова може да е последното поглавје за моторот што во последниве две години е под постојан притисок на судовите и еколозите

Porsche најави дека ќе престане да нуди дизел мотори во своите купеа, кабриолети, лимузини, родстери и теренци. Место тоа, спортската марка на VW ќе се ориентира на бензинци, на електричен и на плагин-хибриден погон. До 2022 година, Porsche вложува над шест милијарди евра во електромобилноста. Освен во развој и усовршување на модели со електрифицирана погонска спрега, како и во производство, дел од оваа масивна инвестиција е наменет и за инфраструктурни проекти.

Дизелите уште лани спаднале на 12 проценти во вкупната продажба на Porsche

Чекорот можеше да се претпостави, имајќи предвид дека уделот на возила со дизел мотори во вкупната продажба на Porsche изнесувал само 12 проценти лани. Шефот Оливер Блуме го потврди збогувањето со дизелот, со изјавата: „Како производител на спортски автомобили, дизелот за нас отсекогаш имаше споредна улога, меѓутоа сега дојдовме до заклучок, дека сакаме нашата иднина да биде без дизел.“

Porsche Taycan

Porsche уште во февруари престана да испорачува модели со дизел мотори, откако германските власти утврдија дека во нив се користи софтвер за манипулирање со емисијата на штетни материи. Моторите пристигаа од престижната марка Audi, за коишто претходно исто така беше утврдено присуство на недозволен контролен софтвер.

Како резултат од истрагата, Porsche мораше да повика 60.000 примероци од Cayenne и Macan во своите сервисни работилници, заради отстранување на неправилностите во контролата на издувните гасови. Во меѓувреме расте интересот за моделите со хибриден погон. Два од три купувачи на спортската лимузина Panamera во Европа се решаваат за плагин-хибридната верзија. В година пристига и Taycan, првиот модел на Porsche со погон само на батерии. Дизајнот и погонската техника веќе се познати од концептниот автомобил Mission E.

porsche mission e

Воведувањето забрана за сообраќај за дизели со емисија послаба од Euro 5 на неколку улици во Хамбург, како и зачестените најави на останатите германски градови дека ќе воведат ригорозни мерки за старите дизели, предизвикаа намалување на интересот кај купувачите за овој вид на мотори.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
42 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743