144
21 shares, 144 points

Porsche и посестринската компанија Porsche Design ќе градат дизајнерска кула во Штутгарт. Планот е градежните работи да започнат уште во првата половина од 2019 година. Проектот се состои од два објекта. Едниот објект ќе биде во функција како центар на Porsche, со изложбен салон, галерија и сервисна работилница. Неговата изградба би траела околу 2,5 години. За кулата покрај центарот ќе биде потребна уште една година.

Со 90-те метри, дизајнерската кула на Porsche ќе се вбројува меѓу највисоките деловни и станбени објекти во Штутгарт. Кулата ќе располага со површина од 20.000 метри квадратни, а во комплексот спаѓа и двокатна подземна гаража, со паркинг за 340 возила. Архитектонскиот дизајн е изведен во тесна соработка со Porsche Design. Освен канцелариски простории, во кулата се предвидени ексклузивен хотел со конференциски хали, ресторани и тераси. Со хотелот ќе управува меѓународен хотелски синџир.

Првата дизајнерска висококатница на Porsche беше пуштена во употреба во 2017 година, во Флорида, САД. Под оригиналното име Porsche Design Tower Miami, објектот располага со патентиран и уникатен лифт за автомобили. Во првата половина од 2019 година треба да се постави камен темелникот и за дизајнерската кула во Франкфурт. Во германската финансиака метропола е планирана 80-метарска станбена висококатница, лоцирана во познатиот Европски кварт. Porsche Design Group е стопроцентна посестринска компанија на Porsche AG.

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

Porsche 911: „Олдтајмерот“ што има седум нови генерации зад себе

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
21 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format