за

Porsche.com.mk е автомобилски сајт на годината

Петта година по ред во Македонија се доделуваат наградите „Сајт на годината”. Оваа година Porsche.com.mk во категоријата автомобили освои најголем број гласови на онлајн гласањето.

Победа за корпоративниот сајт на Porsche.com.mk во годинашниот избор на сајт на годината во Македонија. Спортската марка освои најголем број гласови на онлајн гласањето, а воедно ги освои и симпатиите на стручното жири, коешто се мнозинство гласови го прогласи сајтот на Порше Македонија за најдобар.

Како што пишува во соопштението за печат од Порше Македонија, „Porsche.com.mk ја следи филозофијата на лидерот на автомобилскиот пазар: Потполно задоволство на клиентите, врвна услуга и извонредни автомобили од брендовите Volkswagen, Skoda, Audi, SEAT, Volkswagen – Комерцијални возила и Porsche, кои ги застапува Порше Македонија.

На страницата Porsche.com.mk можат да се добијат сите потребни контакти и информации поврзани со најдобрата дилерска мрежа во Македонија и да се прочитаат сите новитети од групацијата Volkswagen. Сајтот е иновативен, софистициран, со извонреден дизајнерски израз, направен според највисоки стандарди и целосно е поврзан со корпоративните страни и со социјалните мрежи. „Тој е интерактивен, постојано го испитува задоволството на клиентите, практичен е, брз, лесен за употреба, конкретен, прецизен и заштедува време при изборот на Вашиот омилен автомобил,“ наведуваат од Порше Македонија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седум финалисти за автомобил на 2015 година

Мобилните на Samsung во драстично опаѓање