154
31 shares, 154 points

По 37 наддавања и десет минути беше утврдена вредноста на автомобилот на Porsche што е сон на колекционерите. Во рамките на наддавањето организирано од познатата куќа Сотби, во чест на 70-годишнината на Porshe, синоќа во Атланта (САД) се продаде „911 Turbo Classic Series“

Автомобилот кој е изработен со оригинална каросерија од моделската генерација 993 постигна вредност од 2.743.500 евра. Добивката од продажбата оди во корист на фондацијата Фери Порше, исто така основана годинава.

На наддавањето се појавија 51 автомобил. Уникатниот 911 Turbo Classic Series стартуваше од 154.473 евра, колку што изнесува пазарната вредност на 911 Turbo S од 1998 година. Изгледот на моделот е исто толку спектакуларен колку начинот на којшто тој е изработен. Дизајнот на спортскиот автомобил во златно жолта металик боја потсеќа на 911 Turbo S Exclusive Series од генерацијата 991.

Porsche го изработи уникатниот примерок како последен 911 со мотор со воздушно ладење по 20 години од завршетокот на производството на генерацијата 993

Црните бандажи имаат декорација во златна боја, а истата комбинација од бои се повторува и на седиштата. Страничните отвори за воздух се карактеристични за 911 Turbo S од генерацијата 993. Светската премиера на автомобилот со 450 КС се одржа на 27-ми септември, на историската трка на Porsche во Лагуна Сека, САД.

Porsche 911 Turbo Classic Series oldtajmer reli

Фондацијата именувана по основачот Фери Порше подржува проекти од општествена корист во подрачјата на образованието, науката, спортот, културата и социјалната сфера.

Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
31 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743